Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 
Курс за електронско учење за ДДВ
(Курс за ДДВ Директивата)
 
Во рамките на Програмата Фискалис 2013, Европската комисија подготви курс за електронско учење за да им помогне на царинските и даночните службеници од земјите на ЕУ и други учесници со посебен интерес за данокот на додадена вредност (ДДВ), да добијат солидно основно познавање на Директивата на ЕУ 2006/112/ЕЗ позната како „ДДВ Директива“. Обуката е подготвена од Генералниот директорат на Комисијата за царинска и даночна унија во тесна соработка со даночни експерти и е достапен за слободно користење.
 
Што претставува ДДВ Директивата?
 
Директивата 2006/112/ЕЗ на ЕУ претставува основен дел на законодавството на ЕУ за ДДВ од 1 јануари 2007. Директивата за ДДВ всушност е преработка на Директивата за ДДВ од 1997 со направените измени низ годините. Обезбедува краток преглед на законодавството на ЕУ за ДДВ што во моментот е на сила и ја формира основата за националното законодавство за ДДВ.
 
Измени на ДДВ Директивата
 
Важни измени на ДДВ Директивата стапија во сила на 1 јануари 2010 година. Овој курс ги содржи сите измени на законодавството на ЕУ што стапија во сила од 1 јануари 2010 година.
 
Курс за електронска обука
    
Овој курс има за цел да ги претстави основните елементи на ДДВ Директивата. Курсот ја разгледува ЕУ перспективата и не дава објаснувања за национални делови или дерогации. На крајот на курсот корисникот треба да има добро разбирање на основните принципи на директивата на ЕК за ДДВ.
 
Курсот содржи шест часа обука и се состои од следните четиринаесет лекции:
 
1.         Вовед;
2.         Контекст;
3.         Правна рамка;
4.         Опсег;
5.         Територија;
6.         Лице предмет на оданочување;
7.         Трансакции;
8.         Место на трансакции кои се оданочуваат;
9.         Настан кој се оданочува и износ кој се оданочува;
10.        Стапки;
11.        Ослободувања;
12.        Право на олеснувања;
13.        Обврски;
14.        Финална оценка.
 
Како да се започне и користи курсот?
    
Кликнете на  иконата за да го отворите  курсот и следете ги инструкциите во рамките на курсот.
   
    
 
*
..
.
.
.
* Доколку имате проблем со поглед на менито, при следење на обуката, кликнете на F11 (Full Screen) на вашата тастатура.

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 82
Вкупно посетители: 10047042

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а