Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 Овластени печатници за печатење и дистрибуција на ЕУР обрасци
 
Царинската управа на Република Македонија од 01 септември 2011 година воведе измени во начинот на печатење и дистрибуција на уверенијата за движење ЕУР, пропишани со Спогодбите/Договорите за слободна трговија кои Република Македонија ги има склучено.
 
Oвластени за печатење и дистрибуција се:
1
Бато енд Дивајн Графикс Центар – Скопје
Ул. Борис Трајковски бр.314, 1000 Скопје,
Тел. 02 2785 915; 02 2785 901
Факс. 02 2785 927
 
Тоз-Мк д.о.о. Скопје
Трета Македонска Бригада бр.76
1000 Скопје
Тел: +389 2 2450 840
Тел: +389 2 2442 096
Факс:+389 2 2450 860
e-mail: tozmk@tozmk.com.mk
.
 Цвејо дооел
ул. Ленинова 124, 2400 Струмица
Р.Македонија
Телефон: 034/328-276
Мобилен: 078-214-578
e-mail: info@cvejo.com.mk
.
ТРИМАКС КНИЖАРНИЦА бр.1: бул.Кузман Јосифовски-Питу 15/6 ТЦ Скопјанка Аеродром тел:++389(0)2/2401-280  knizarnica1@3maks.com
.
ТРИМАКС КНИЖАРНИЦА бр.2: ул. Божидар Аџија бр.9 спроти студентски дом Пелагонија Кисела Вода тел: ++389(0)2/2777-368
knizarnica2@3maks.com
.
ТРИМАКС КНИЖАРНИЦА бр.3: ул. Сава Ковачевиќ 47/3 Кисела Вода Расадник во старите кули тел: ++389(0)2/2779-644 knizarnica3@3maks.com
..
ТРИМАКС КНИЖАРНИЦА бр.4: ул. Никола Вапцаров бб спроти кафе Тренд плоштад Центар тел: ++389(0)2/3232-233 knizarnica4@3maks.com
.
ТРИМАКС КНИЖАРНИЦА бр.5: бул. Видое Смилевски Бато бр. 2А/2-2 позади Т-мобиле во новите згради тел: ++389(0)2/5511-830 knizarnica5@3maks.com
.
2
Печатница НАПРЕДОК ДООЕЛ - Тетово
Ул . 120  бб.
1200  Тетово
Тел. за контакт  070 56 44 88
 
Преставништво на Печатница НАПРЕДОК СКОПЈЕ
Ул. Шнајдер Бр. 8     Тел. 02 3115 456
 
како и во сите Книжарници на Просветно дело во:
 
СКОПЈЕ 
Ул .Димитрија Чупоски бр. 15, Тел 02 3117 558
Бул. Даме Груев бр . бб, Тел 02 3222 621
Ул. Ацо Шопов бр . 6, Тел 02 2033 045
 
СТРУМИЦА   Ул. Маршал Тито бр. 6, Тел. 034 327 776
 
ШТИП   Ул. Ванчо Прке бр. 50, Тел. 032 389 450
 
РАДОВИШ   Ул. Партизанска бр. 35, Тел. 032 630 510
 
ТЕТОВО   Ул. 120 бб, Тел. 044 342 270
 
ОХРИД Ул. Македонски просветители бб, Тел. 046 255 389
 
БИТОЛА   Ул. Иван Милутиновиќ бр. 18, Тел. 047 240 899
 
ПРИЛЕП   Ул. Марксова бр. 6, Тел. 048 417 026
 
КАВАДАРЦИ   Ул. Илинденска бр. 11, Тел. 043 415 844
 
ВЕЛЕС   Ул. Благоја Ѓорев бр. 2, Тел. 043 212 610
 
КОЧАНИ   Ул. Маршал Тито бр. 45, Тел. 033 271 560
 
ГЕВГЕЛИЈА
Книжарница на Бест компјутери Ул. Ристо Фршинин Бр. 20 тел. 034 215-665 лок.104
 
3
ГЕНЕКС Кочани
ул. Кирил Зибов бр.2 Кочани
 
Во продажните места на ОФИС ПЛУС Скопје:
 
СКОПЈЕ
Магацин ОФИС ПЛУС Скопје,
              Ул.Индустриска бр.4 Скопје
тел. 02/15-501
Продавница бр.1   Скопје,
Ул.Франклин Рузвелт бр.43/А Скопје
тел. 02/3091-047
Продавница бр.2 РАМСТОР,
Ул. Мито Хаџивасилев-Јасмин бр.бб Скопје
тел. 02/3213-512
Продавница бр.4 ГТЦ Скопје,
Ул.Кеј 13-ти Ноември бр.3/001 ГТЦ/лок.2 ДЕ-493 Скопје
тел. 02/3232-184
Продавница бр.5 ПАЛОМА Скопје,
Ул. Васил Главинов бр.бб Скопје
тел. 02/3225-329
Продавница бр.6 НБМ Скопје,
Ул. Раде Јовчевски – Корчагин бр.31 Скопје
тел. 02/3214-322
Продавница бр.11 СИТИ МОЛ Скопје,
Ул. Љубљанска бр.4 Скопје
тел. 02/3077-066

Продавница бр.14 БИСЕР Скопје,
Бул. Јане Сандански  бр.82 лок. 78 Скопје
тел. 02/2452-574 
 
СТРУГА
Продавница бр.13 Струга,
Ул. Плоштад на револуцијата  бр.1 Струга
тел. 046/838-316
 
KУМАНОВО
Продавница бр.12 Куманово,
Ул. Ленинова бр.30 Куманово
тел. 031/414-855
Корисниците на обрасците ЕУР, информации за продажните места на кои може да ги набават овие обрасци, може да добијат на горенаведените адреси.
 Отворен повик за печатење и дистрибуција на ЕУР обрасци
 
Врз основа на член 7 став 1 од Законот за Царинска управа („Сл.весник на РМ” бр. 46/04, 81/05, 107/07, 103/08, 64/09,105/09, 48/10, 158/10 и 53/11) и Анекс III а кон  Протокол Ц од Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Украина („Сл.весник на РМ” бр.53/01); Анекс III а и Анекс III б кон Протокол Б од Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и ЕФТА државите („Сл.весник на РМ“ бр.163/09); Анекс III кон Анекс 4 од Договор за изменување и пристапување кон Централно европскиот договор за слободна трговија („Сл.весник на РМ“ бр.69/07); Анекс III кон Протокол 4 одСпогодба за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Заедница („Сл.весник на РМ“ бр.119/08) и Анекс III кон Протокол 2 од Договор за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција („Сл.весник на РМ“ бр.25/09), Царинската управа објавува:
 
 
ОТВОРЕН ПОВИК
ЗА ДАВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
 
 
I.      Услови
 
1.       Царинската управа ќе даде овластување на секое трговско друштво кое ќе ги исполни следните услови:
 
     - да биде регистрирано за вршење на дејност поврзана со печатење,
     - да се обврзе дека обрасците ЕУР кои ќе ги печати ќе ги исполнуваат условите од точките 2 и 3 на Отворениот повик,
     - да предложи евиденција, прифатлива за Царинската управа, за печатените и дистрибуираните обрасци ЕУР по продажни пунктови според нивните сериски броеви,
     - да се обврзе дека до Царинската управа ќе доставува квартален извештај за печатените и дистрибуираните обрасци ЕУР по продажни пунктови според нивните сериски броеви,
     -  да се обврзе дека за сите настанати промени кои влијаат врз исполнување на условите врз чија основа му било дадено овластувањето, веднаш ќе ја извести Царинската управа и
     -да се обврзе дека во случај на престанок со печатење и дистрибуција на обрасците, недистрибуираните обрасци ќе ги отстапи на Царинската управа без надомест.
 
 
II.   Образец ЕУР
 
2.      Образецот ЕУР се состои од три листа од кои првиот лист е уверение за движење на стоките, а вториот и третиот лист, кои се идентични по форма и содржина, се барање за издавање на уверение за движење.  
Изгледот и содржината на првиот лист, односно уверението за движење на стоките, се утврдени и пропишани со Договорите/Спогодбите за слободна трговија кои Република Македонија ги има потпишано со партнер земјите и мора да ги задоволи следниве услови:
     - да биде со големина 210 x 297 mm, со дозволени отстапувања од минус 5 мм или плус 8 мм по должина,
     - да е отпечатен на  бела бездрвна хартија, обликувана за пишување, да не содржи механичка пулпа и да не е полесна од 25 г/м²,
     - на подлогата мора да има отпечатен зелен образец „guilloche” така да секое фалсификување со механички или хемиски средства е видливо,
како и бројот на овластувањето,  и
     -  да носи единствен сериски број, отпечатен или на друг начин означен, со кој ќе може да биде идентификувано уверението за движење.
Договорите/Спогодбите за слободна трговија предвидуваат три типа на образец ЕУР дадени во Прилог бр.1, Прилог бр.2 и Прилог бр.3 на Отворениот повик.
 
3.      Изгледот и содржината на вториот и третиот лист, односно барање за издавање на уверението за движење, се пропишани со Договорите/Спогодбите за слободна трговија кои Република Македонија ги има потпишано со државните партнери, дадени во Прилог бр.4, Прилог бр.5 и Прилог бр.6 на Отворениот повик, а кои и мора да ги задоволат следниве услови:
     - да биде со големина 210 x 297 mm, со дозволени отстапувања од минус 5 мм или плус 8 мм по должина,
     -  да е отпечатен на бела бездрвна хартија, обликувана за пишување, да не содржи механичка пулпа и да не е полесна од 25 г/м²,
      -  да биде испишано името и адресата на печатницата или знак преку кој истиот  може да биде идентификуван, како и бројот на овластувањето, и
      - да носат единствени сериски броеви, отпечатени или на друг начин означени, со кои ќе може да бидат идентификувани барањата за издавање уверение за движење.
Вториот, односно третиот лист од образецот ЕУР (барање за издавање уверение за движење)  мора да биде во бела, односно во зелена боја. 
 
III.     Постапка за давање на овластување
 
4.     Барањата за добивање на овластување со прилозите се поднесуваат до Централната управа на Царинската управа, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје. Во прилог на барањето се доставуваат и:
          - извод од централен регистар
          - опис на евиденцијата
          - доказ за платена административна такса кон барањето.
 
5.      Препорачаната форма на барањето е дадено во Прилог бр.7 на повикот, а може да биде поднесено во која било форма, под услов да ги содржи бараните податоци.
 
6.      Отворениот повик е траен, односно нема ограничување на времето за поднесување на барање, ниту на бројот на Овластувања кои ќе ги издаде Царинската управа.
 
7.      Рокот на важност на Овластувањето е 5 години.
 
IV.     Давање на овластување
 
8.      Одговор на барањето на печатницата се дава најдоцна во рок од 15 дена од денот на пристигнувањето на комплетното барање.
 
9.      При издавањето на овластувањето, на печатницата и се доделува модел на сериски броеви во кој се вклучуваат две букви како посебна ознака за печатницата.
 
V.       Повлекување на дадено овластување
 
10. Во случај доколку Царинската управа утврди дека кај печатницата се случиле промени или престанок на условите врз чија основа било дадено овластувањето, ги презема сите мерки, вклучувајќи и повлекување на даденото овластување.
 
MK | EN | SQ
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 69
Вкупно посетители: 9907440

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а