Почетна | За нас Патници |Бизнис заедница| Контакт|Мапа на са?тот
Пребарување:
 

 
 NCTS - Нов компјутеризиран транзитен систем
Царинскиот транзит претставува камен-темелник на европската интеграција и е од витален интерес за европските бизниси. Овозможува полесно и поевтино движење на стоката и поедноставни и побрзи царински формалности. За негово непречено спроведување во 1987 година склучени се две конвенции помеѓу Европската економска заедница и ЕФТА државите. Конвенцијата за заедничка транзитна постапка од 20 мај 1987 година ја определува заедничката транзитна постапка, а Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, исто така од 20 мај 1987 година, претставува поедноставување на формалностите при увоз, извоз и транзит преку воведување на Единствениот царински документ (ЕЦД). Полноправни членки на овие конвенции се земјите членки на ЕУ, ЕФТА, Турција и Македонија.
.
Република Македонија е полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и на Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија на стока од 1 јули 2015 година. Пристапувањето кон конвенциите овозможува полесно и побрзо движење на стоката заради спроведувањето на транзитната постапка со поднесување на единствена транзитна декларација во електронска форма во местото на поаѓање која важи сè до местото на одредиште во рамките на договорните страни на конвенциите. Оваа транзитна декларација паралелно се употребува и како т.н. влезна збирна декларација која задолжително треба да се поднесе за секоја стока при влезот во било која земја членка на ЕУ.
.
Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) е систем кој е заснован на употреба на напредни компјутерски техники и електронска обработка на податоци. НКТС претставува  основа за спроведување на транзитната постапка преку размена на електронски пораки помеѓу застапниците во царинската постапка и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави. Служи како алатка за управување и контрола на транзитните операции и овозможува помодерно и поефикасно управување од системот кој претходно беше базиран на хартија.
 
.
Линковите за пристап до апликацијата се:
- за DTI
- за EDI
 
За електронско потпишување на документи потребно е да се обезбедат дигитални сертификати за секој кој ќе изготвува транзитни декларации. Дигиталниот сертификат не мора да биде на токен.
.
За било какви прашања обратете се на e-mail ncts-helpdesk@customs.gov.mk или на телефон 329 39 72; 329 39 67
 
 Дополнителни информации и потребни документи
 а
Конвенции
а
Прирачници и Компендуми
а
Спроведување на транзитна постапка со примена на НКТС
а
а
Гаранции во транзитна постапка
а
Испитна постапка и наплата на царински долг
а
Поедноставена транзитна постапка во железнички сообраќај
а
Известувања
а
Технички спецификации
а
Презентации
а

Координатори за транзит

а
Соопштенија за НКТС
а
Известување за транзит
MK | EN | SQ
 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)
 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...
 Сервиси

Supported by




| ??????
Моментално посетители: 77
Вкупно посетители: 10206494

 
Почетна | За нас | Патници | Бизнис заедница | Контакт |Мапа на са?тот
?2004 Царинска управа на Република Македони?а