pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПРОИЗВОДИ КУПУВАЈТЕ ОРИГИНАЛИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/17
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
РЕАКЦИЈА ЗА ОБЈАВЕНА ВЕСТ „ЗОШТО СЕ НАПЛАТУВААТ ВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ТРАНСПОРТ НА ПРАТКИ ОД СТРАНСТВО“
 
 


Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија остро реагира на веста објавена на Канал 5 телевизија со наслов „Зошто се наплатуваат високи цени за транспорт на пратки од странство?“, објавена од новинарот Борче Пауновски, каде се изнесени повеќе невистини во врска со постапката за царинење на поштенски пратки.

И покрај тоа што од Царинската управа не е официјално побаран став по прашањето за царинење на поштенските пратки, ниту пак е побарано произнесување за конкретниот случај за кој се говори во прилогот, сепак на новинарот му беше посочено дека на интернет страната на Царинска управа во делот „Поштенски пратки“ јасно е опишана процедурата на царинење на поштенски пратки.
 
Царинската управа во своето работење се води од принципот на транспарентност и на својата интернет страна ги има објавено граничните вредности со вклучени транспортни и манипулативни трошоци под кои не се наплаќаат увозни давачки и ДДВ за пратките кои се порачани преку интернет и со истите се запознаени граѓаните на РМ кога ги вршат своите нарачки. Постапката на царинење на поштенските пратки се спроведува согласно одредбите на Царинскиот закон, како и прифатените меѓународните поштенски прописи.

Сето ова е детално објаснето на следнниот линкови:
http://customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=496
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=365

Исто така,  Царинската управа има изработено и промотивен спот со цел да се информираат граѓаните за можноста за поднесување усна царинска декларација, без дополнителни трошоци за шпедитерски услуги за мали пратки нарачани преку интернет, испратени по регуларна или брза пошта од странско на домашно физичко лице во вредност до 800 евра и тешки до илјада килограми.

Линк од спот:
http://www.customs.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=509

Согласно наведеното, во случајот што го објаснува новинарот, Царинската управа наплатила само царински давачки и ДДВ врз основа на поднесена писмена царинска декларација, а сосема е неточно дека наплаќа трошок за отворање и проверка на пакет, додека како што и самиот тој истакнува, транспортерот/шпедитерот наплатил лежарина и административни трошоци, за чие избегнување Царинската управа и ја промовираше усната декларација, настојувајќи да ја подигне свеста на граѓаните за можностите за заштеда што истата ги нуди.

Што се однесува на зголемувањето на прагот за ослободување на поштенски пратки од царински давачки, веќе долго време очекуваме Агенцијата за пошти, согласно одлука на Влада на РМ, да развие електронски софтвер за достава на податоци што е еден од условите за зголемување на прагот за ослободување од увозни давачки, како би можеле да правиме соодветна анализа на ризик заради зачувување на безбедноста на граѓаните и реална наплата на давачки, што во суштина се основна дејност на Царинската управа.

Во овој контекст значајно е да се напомене дека, порастот на е-трговијата кај пратките со мала вредност кои ги пренесуваат поштите и брзите курирски пошти секоја година се зголемува за 10 до 15 проценти во ЕУ земјите, а со тоа се зголемуваат и загубите во наплатата на увозните давачки кои во последната година достигнале вредност од 1,3 милијарди евра. Овие загуби се резултат на несоодветно декларирање на пратките, отсуство или низок квалитет на информации и размена на електронски податоци помеѓу поштите, брзите курирски пошти и царинските администрации. Ова е причина за сериозна загриженост кај земјите членки на ЕУ, бидејќи нивниот пазар и население се постојано изложени на ризици во областа на здравјето, безбедноста, продажба на фалсигикувана стока, дрога, оружје. Поради тоа, веќе се преземаат активности во насока на овозможување  безбедност и сигурност кај увозот на овој вид на стоки како и наплата на сите давачки кои произлегуваат од овој вид на трговија. Една од најбитните активности која се превзема е воспоставување на стандарди за електронско поднесување на pre-arrival информации за стоките, а постои и намера по 2020 година за трети земји (како што е и Република Македонија) да нема воопшто ослободување од давачки, ни за пратки со вредност до 22 евра.

Во насока на објективно, вистинито и целосно информирање на граѓаните очекуваме овие информации во целост да бидат објавени на Канал 5 телевизија.

 





Назад 

Креиран од Admin на 10.02.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 63
Вкупно посетители: 10206476

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија