pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПРОИЗВОДИ КУПУВАЈТЕ ОРИГИНАЛИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/17
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ШВЕРЦ НА МАРИХУАНА, ОТКРИЕНА ИЗМАМА И ЗАПЛЕНЕТИ ПАРИ, АКЦИЗНИ ПРОИЗВОДИ И ДРУГО
 
 
 
Скопје, 20.02.2017 г.
 
 
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија еден обид за криумчарење марихуана, открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани пари, алкохолни пијалоци, цигари, свеж зеленчук, автоделови, циркулари, регистарски таблички, омекнувач за вода, облека, паричници и фалсификати.
Задржани се следните производи:
 
Девизи
- 6.200 евра, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на турски државјанин кој имал намера да отпатува со лет за Истанбул. Во џебовите од панталоните на патникот биле пронајдени 16.200 евра за кои не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени готови пари при влез во Република Македонија. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
- 3.950 евра, откриени при личен претрес на двајца македонски државјани кои со германски автомобил се пријавиле за излез од државата, на граничниот премин Дојран. Во џебовите од панталоните на едниот патник биле пронајдени 4.950 евра, а кај другиот патник, исто така во џебовите од панталоните, биле пронајдени 3.000 евра, за кои не поседувале документ за потекло. Согласно законските прописи, на двајцата патници им биле вратени по 2.000 евра, износ што резиденти може слободно да го изнесат од државата. Против двајцата патници се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.
- 3.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во паричникот на патникот, пронајден во заден џеб од неговите панталони, биле пронајдени 5.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резиденти може слободно да го изнесат од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.
 
Алкохолни пијалоци и цигари
- 11,2 литри виски (16 шишиња од 700 ml) и 9,8 литри водка (14 шишиња од 700 ml) без акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените пијалоци биле пронајдени во 5 картонски кутии, сместени во багажниот простор, помеѓу други лични работи на возачот. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
- 9 штеки цигари без акцизни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, со кој за влез во државата  на граничниот премин Богородица се пријавиле двајца сопружници, грчки државјани. Непријавените цигари, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
 
Свеж зеленчук
- 8.889 килограми свежи домати и краставици, откриени при контрола на македонски камион – ладилник, натоварен со свеж зеленчук со потекло од Грција, пријавен за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. При извршената контрола, царинските службеници откриле 456 гајби со 4.492 килограми свежи домати и 274 гајби со 4.397 килограми свежи краставици, кои увозникот, фирма од Скопје, не ги опфатил со увозната царинска декларација. Непријавената стока е привремено задржана а против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
 
Алати, автоделови  и регистарски таблички
- 2 нови електрични циркулари, марка Einhell clasic, и употребувани ламела и менувач за патнички возила Mercedes, откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, сопственост на патник во возилото, македонски државјанин, биле пронајдени под седиштата на возилото, покриени со багажот на патниците. Производите се привремено задржани а против сопственикот ќе биде поведена соодветна постапка.
- комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево. Табличките и сообраќајните дозволи, пронајдени позади совозачкото седиште, припаѓале на патничко возило RENAULT MEGANE SCENIC, за кое возачот изјавил дека го продал во отпад во Куманово. На тој начин возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде ставено во пропишана царинска процедура и без да бидат платени увозни давачки за истото. За сторениот царински прекршок, против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
 
Омекнувач за вода
- 60 килограми (2 канти) средство за омекнување на вода, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.  Непријавената стока, пронајдена во багажникот на возилото, е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
 
Облека и паричници
- 79 парчиња облека (јакни, елеци и панталони) и 150 паричници, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус, кој сообраќал на релација Солун – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во 5 најлонски кеси, сместени позади седиштата на кои седеле двајца македонски државјани, кои се пријавиле како сопственици на истите. Против двајцата патници ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочни постапки.
 
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 720 пара женски и машки спортски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени  при контрола на македонски камион, натоварен со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 1,8 милиони денари, доколку би се продавале како оригинални.
Обувките се привремено задржани и согласно Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на нивната оригиналност.
 
Измама
Во царинската испостава Гевгелија е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.
Увозник од Гевгелија пријавил за увозно царинење чоколади полнети и неполнети, меѓу кои и чоколада Milka Noisette 100 g, декларирани во тарифна ознака со пропишани стапка зацарински давачки 9%, царинска давачка по единица мера 6,45 денари по килограм (прелевман) и стапка за ДДВ од 5%.Поради сомневање во правилното декларирање на чоколадите Milka Noisette 100 g, била земена мостра и испратена за анализа во Царинската лабораторија. Од извршените анализи констатирано е дека предметните чоколади треба да се распоредат во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од15%,  царинска давачка по единица мера 5,22 денари по килограм (прелевман) и стапка за ДДВ од 5%.
Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 15 илјади денари. Покрај тоа изготвен е записник за тарифна ознака и спроведена е прекршочна постапка со мандатна казна против увозникот.
 
Марихуана
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи спречија обид за криумчарење на 3,5 грама марихуана. На 13.02.2017 година на граничниот премин Блаце за влез во државата се пријавил бугарски автомобил, со кој патувале еден бугарски и еден албански државјанин. При контрола на возилото, во торба со храна сместена позади возачкото седиште била пронајдена најлонска кеса со непозната зелена тревкаста материја, со маса од околу 3,5 грама, за која со помош на тестер за дрога било утврдено дека се работи за марихуана. Случајот е предаден на Одделението за истраги за понатамошно постапување.
 
 




Назад 

Креиран од Admin2 на 20.02.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 73
Вкупно посетители: 10206487

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија