pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПРОИЗВОДИ КУПУВАЈТЕ ОРИГИНАЛИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/17
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ЗАПЛЕНЕТИ 10,5 КГ МАРИХУАНА, ФАЛСИФИКАТИ, ОТКРИЕНИ ИЗМАМИ И ДРУГО
 
 
Скопје,27.03.2017 г.
 
 
На 25 март 2017 година околу 8:00 часот при вршење на царинска контрола на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи селектирале за контрола патнички автобус со македонски регистарски ознаки кој се обраќал на редовна линија Гостивар-Женева. При прегледот на автобусот, вклучено било и царинско куче кое реагирало на една од патните торби сместени во просторот за багаж. По отворањето на торбата пронајдени биле 15 опаковки со различна големина исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 10,5 килограми. Ниту еден од патниците во автобусот не се пријавил како сопственик на патната торба.
 
Дрогата и лицето – возачот на автобусот, се предадени на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги, а од спроведената преткривична постапка постои основано сомнение дека во шверцот со дрога покрај возачот се инволвирани уште две други лица државјани на Република Македонија. Марихуаната требала да биде пренесена во градот Хановер во Германија.
 
Предистражната постапка е се уште во тек и се прибираат други докази. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомничените лица до надлежното јавно обвинителство, поради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.
 
Покрај ова, во текот на минатата недела царинските службеници открија две измами и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани електроматеријали, автоделови, вакумирано сирење, кафе, вештачко ѓубриво, очила за сонце и фалсификати. Задржани се следните производи:
 
Електроматеријали и автоделови
- 309 парчиња електроматеријали (конектори, метални куќишта за конектори, автоматски осигурувачи, тајмери, сензори, гребенасти прекинувачи и друго) и 47 автоделови (амортизери за багажник, филтри за воздух, клипови со хилзни, дискови и гуртни за кочници и друго), откриени при контрола на српски камион, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во повеќе картонски кутии сместени во приколката, помеѓу легално пријавената стока, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
 
Сирење и кафе
- 90 килограми вакумирано сирење filakis и 10 килограми кафе tsetlidis, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во три куфери сместени во просторот за багаж и два куфери сместени позади предните седишта, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
 
Вештачко ѓубриво
- 40 литри вештачко течно ѓубриво од разнии типови (KUSHIE KUSH, HAMMER HEAD, ANCIENT EARTH, IGUANA, SENSI GROW и други), откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените ѓубрива, пронајдени на задното седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава.
 
Очила за сонце
-608 пара очила за сонце, откриени при контрола на македонски автомобил, со кој за влез во државата, на граничниот премин Богородица,  се пријавиле тројца македонски државјани. Возачот изјавил дека носи 1.000 пара наочари за сонце, кои сакал да ги царини на граничниот премин, за што му било посочено дека, согласно законските прописи, производите треба да ги оцарини во царинската испостава за стоков промет. Потоа било пристапено кон детална контрола на возилото, при што, под капакот на моторот, под тапацирот на багажникот и под патосницата пред совозачкото седиште, биле пронајдени уште 608 пара очила, кои возачот не ги пријавил. Непријавените очила се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека очилата претставуваат фалсификати на заштитени трговски марки, ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
 
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
- 294.600 парчиња тврди компресирани бонбони и чоколадни бомбони со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на македонски камион, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавен за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Вредноста на сомнителните производи е проценета на околу 6,5 милиони денари, доколку се продаваат како оригинали.
- 112 маици со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на наплатната рампа Петровец. Пазарната вредност на сомнителните производи е проценета на околу 336 илјади денари, доколку би се продавале како оригинални.
Во двата случаи, сомнителните производи се привремено задржани и, согласно законските прописи, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.
 
Измама
Во царинска испостава Струга е откриен обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.
Увозник од Охрид пријавил за увозно царинење техничка стока, декларирана во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на производите според царинската тарифа, земени се мостри и испратени на анализа во Царинската лабораторија. Извршената анализа покажала дека производите треба да се распоредат во сосема друга тарифна ознака, со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.  Врз основа на новоутврдената тарифна ознака пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 210 илјади денари, а против увозникот е изготвен записник за царински прекршок.
На граничниот премин Делчево е откриен случај на пуштање на стока во слободен промет без претходно да биде ставена во пропишана царинска процедура. При контрола на документите приложени од страна на бугарски државјанин, возач на бугарски камион, натоварен со ќерамиди од извозник од Македонија, пријавен за излез од државата, во разговор со возачот, царинскиот службеник утврдил дека претходно камионот влегол на територијата на Република Макеоднија преку граничниот премин Деве Баир, натоварен со арматурно железо, наменето за фирма од Велес. На барање на царинскиот службеник да покаже доказ дека транзитната постапка од граничната царинска испостава ја затворил во внатрешна царинска испостава и дека стоката увозно ја оцаринил, возачот одговорил дека стоката ја однел директно кај увозникот каде ја истоварил. На тој начин е сторен царински прекршок, поради што против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.




Назад 

Креиран од admin2 на 27.03.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 46
Вкупно посетители: 10206450

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија