pandora perlen buy runescape money tiffany pendants hollister hoodies ghd osterreich mbt kengat links of london jewelry thomas sabo charms levis dritto pandora armband
 
 
Почетна | За нас Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
Пребарување:
 



 Актуелно
СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПРОИЗВОДИ КУПУВАЈТЕ ОРИГИНАЛИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
ЈАВЕН ПОВИК Бр. 2/17
Одлука за усогласување и менување на царинската тарифа за 2017 година
Корелациони табели
ИЗМЕНА НА ОБРАСЦИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ОПШТА ГАРАНЦИЈА
ИЗВЕСТУВАЊЕ- ПРОМЕНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ПОТВРДА ЗА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
ИНФОРМАТИВАН БРОШУРА ЗА ПАТНИЦИ
ПРИЈАВЕТЕ ПАРИ
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
НЕ ЗА НЕЛЕГАЛНИ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ
ВОДИЧ ЗА ЦАРИНЕЊЕ НА СТОКИ 2017

Водич за царинење на стоки 2017.xls

Водич за царинење на стоки 2017.doc

Водич за царинење на стоки 2017.csv

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ТРЕТ КВАРТАЛ 2015 ГОДИНА
СООПШТЕНИЕ за начинот на постапување со погрешните уплати на евидентната сметка 845-00960 на ЦУ
ЛИСТА НА ПРАШАЊА ЗА СТРУЧНИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
ОДЛУКА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА СТОКИТЕ НА ФОРМИ НА ИЗВОЗ И УВОЗ
ОВЛАСТЕНИ ПЕЧАТНИЦИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕУР ОБРАСЦИ
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА - НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ УВОЗ НА УПОТРЕБУВАНИ ВОЗИЛА!
БРОЈ НА УВЕЗЕНИ ВОЗИЛА

Вести
ПОДНЕСЕНИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ОД ЦАРИНСКА УПРАВА ВО МАРТ 2017 ГОДИНА
 
 

 
Скопје 05.04.2017 година

Постапувајќи по констатирани неправилности, Царинската управа на Република Македонија во март 2017 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 10 кривични пријави против 14 физички лица и 5 правни лица.
Поднесени се следните кривични пријави:

Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
- До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против Т.Г. државјанин на Шведска кој на 06.03.2017 година пристигнал на ЦИ Аеродром – Скопје со авион кој летал на релација Стокхолм – Скопје. При прегледот на осомничениот во фармерките, царинските службеници пронашле 24 семки од марихуана, додека во куферот помеѓу личните работи биле пронајдени 3 празни кутии (амбалажа) во кои претходно биле спакувани семките. Пријавениот, семките ги порачал преку интернет за што платил 100 евра, со намера да ги донесе во Македонија. Бидејќи знаел дека семенскиот материјал кој го носи со себе не е легален, пред заминување ги распакувал семките и истите ги ставил во џебот од фармерките. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Скопје кој му одреди мерка претпазливост, привремено одземање на патна исправа.
- До ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против три македонски државјани М. С., Ј. Д. и М. С. На 25.03.2017 година околу 08:00 часот при вршење на царинска контрола на ГП Табановце на излез од Македонија бил запрен автобус со кумановски регистарски ознаки управуван од лицето Д.Ј. од Гостивар, кој сообраќал на редовна линија Гостивар-Женева. Автобусот и патниците биле селектирани за контрола, а при отворање на една патна торба царинските инспектори забележале дека во неа има вкупно 15 пакетчиња со различна форма и големина облепени со кафеава селотејп трака и стреч фолија, наполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 10.500 грама. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомничените лица до надлежното јавно обвинителство, поради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

Криумчарење
- До ОЈО Битола поднесена е кривична пријава против Д. Б. државјанин на Романија кој на ден 10.03.2017 година на ЦИ Меџитлија со товарно моторно возило со романски регистарски ознаки се пријавил на влез во Македонија. Осомничениот го декларирал возилото како празно, а при преглед на истото во товарниот простор била пронајдена непријавена техничка стока и тоа 2 парчиња мерни инструменти за проверка на дигитален сигнал, едно парче конектор и 200 пара платнени нараквици со вкупна вредност од 1.448.058,00 денари.
- До ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против Р. С. државјанин на Бугарија кој на 18.03.2017 година на ЦИ Деве Баир со патничко возило со бугарски регистарски ознаки се пријавил на влез во Македонија. При преглед на возилото во багажниот простор биле пронајдени два патнички куфери наполнети со поголема количина лекови (627 кутии со 15301 парче лекови – таблети) кои не биле пријавени, со вкупна вредност од 194.437,00 денари. Осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во ОС Деве Баир каде со пресуда врз основа на предлог спогодба е огласен за виновен и условно е осуден со казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 2 години не стори ново кривично дело, како и казна протерување странец од земјата во траење од 1 година. Стоката и возилото со кое истата е превезувана се одземени.

Фалсификување пари
- До ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против Г. М. државјанин на Србија кој со патничко возило со српски регистарски ознаки на ЦИ Табановце се пријавил на излез од Македонија. При преглед на возилото во фиока помеѓу двете предни седишта, во едно снопче врзано со ластик, биле пронајдени фалсификувани девизни средства и тоа: 39 банкноти во апоени од по 100 евра сите со ист сериски број, 39 банкноти во апоени од по 200 евра со ист сериски број и 32 банкноти во апоени од по 500 евра со ист сериски број. Вкупната вредност на фалсификуваните евра изнесува 27.700 евра. Осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во ОС Куманово каде со пресуда врз основа на предлог спогодба е огласен за виновен и условно е осуден со казна затвор во траење од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Фалсификување исправа
- До ОЈО Гевгелија поднесена е кривична пријава против едно правно лице со седиште во Прилеп и против две физички лица А. М. како одговорно лице во правното лице и С. Д. вработен како возач во правното лице. На 14.02.2017 година на ЦИ Дојран на влез во Македонија со товарно возило со македонски регистарски ознаки се пријавил осомничениот С. Д. и на царинските службеници им приложил документи за стоката која била товарена во возилото – ТИР карнет како и Уверение за одобрување на патно возило за транспорт на стока под царинска пломба. При проверка на уверението, царинските службеници констатирале дека истото било издадено на 15.01.2013 година со рок на важност до 15.01.2015 година од страна на Царинска управа – Царинарница Битола. Во рубриката 9 „Обновувања“ (во која продолжува рокот на важност) во сите 3 колони на машина за пишување биле впишани дати 15.01.2016, 15.01.2016 и 15.01.2019 и заверени со тркалезен печат од Царинската управа, Царинарница Битола, Царинска испостава Прилеп на кој стои поранешниот грб на Република Македонија. Бидејќи ваквите печати се повлечени од употреба уште од јануари 2011 година, комисијата која ги издава уверенијата при Царинарница Битола констатираше дека за Уверението никогаш не било побарано ниту одобрено продолжување на неговата важност. Осомничениот А. М. како управител на правното лице му го дал на осомничениот С. Д. вака преправеното Уверение кој го употребил пред царинските службеници како вистинско со цел да го продолжи транспортот на стоката.
- До ОЈО Битола е поднесена кривична пријава против правно лице од Битола и одговорно лице Н.К. од Битола, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик, односно лажна исправа употребиле како вистинска. Ова е уште еден случај откриен од страна на Царинската управа за истите осомничени лица, кои повеќе пати го сториле истото кривично дело. На 11.04.2016 во ЦИ Битола со една увозна царинска декларација, за потребите на правното лице, пријавените увозно оцариниле едно употребувано моторно возило. Во моментот на увозно царинење кон царинските декларации бил приложен договор за купопродажба издаден од продавач од Германија. Во наведениот договор била изготвена изјава за потекло, потпишана од извозникот, како доказ за преференцијално потекло на стоката од Европската унија, со цел на пријавеното правно лице да му биде одобрен преференцијален тарифен третман, односно, увозно царинење со царинска стапка слободно. Поради сомневање во поглед на веродостојноста на доказот за потекло, Царинската управа на Македонија се обрати до Царинската администрација на Германија со барање за верификација на доказот за потекло, од каде е доставен одговор дека извозникот од Германија ниту ја издал ниту ја потпишал изјавата за потекло во наведениот договор за купопродажба. Царинската управа изврши дополнителна пресметка за евидентирање на царинскиот долг и го задолжи увозникот да ги доплати избегнатите давачки.

Царинска измама
- До ОЈО Струга е поднесена кривична пријава против правно лице од Кичево и одговорното лице Г. И. од Кичево поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „царинска измама“. Пријавените дале лажни податоци за стоките при увозно царинење, кои влијаат на пресметката за наплата на царина и други увозни давачки, со намера правното лице да избегне делумно плаќање на истите во вкупна вредност од 1.568.910,00 денари. На 28.04.2016 година во ЦИ Струга, за потребите на правното лице, за увозно царинење е пријавена текстилна стока со вкупна вредност од 7873,30 евра. Заради вршење на детална контрола извршена е контрола во кабината на возилото, при што под душекот за спиење во списание, помеѓу листовите, пронајдени се копии од фактура идентична како приложената кон декларацијата, но на многу повисока вредност. Поради постоење на основано сомнение во поглед на веродостојноста на фактурата се обративме до царинската администрација на Република Турција. Врз основа на добиениот одговор се утврди дека вистинската вредност на фактурата изнесувала 140.302,00 евра, по што Царинската управа ја утврди реалната царинска вредност и изврши дополнителна пресметка за наплата на царински долг и се утврдија избегнати увозни давачки во износ 1.568.910,00 денари.
- До ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава против правно лице од Скопје и одговорното лице Н. Џ. од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „царинска измама“. Пријавените дале лажни податоци за стоките при увозно царинење, кои влијаат на пресметката за наплата на царина и други увозни давачки, со намера правното лице да избегне делумно плаќање на истите во вкупна вредност од 131.185,47 денари. На 12.02.2017 година во ЦИ Гевгелија, за потребите на правното лице, за увозно царинење е пријавено овошје и зеленчук. При преглед на стоката била утврдена следната фактичка состојба: наместо пријавени 6556 кг киви во возилото се пронајдени 2195 кг, а наместо 5209 кг мандарини во возилото се пронајдени 833 кг. Наместо нив, по извршениот преглед биле откриени 456 кутии домати со тежина од 4492 кг и 274 кутии краставици со тежина од 4397 кг, за кои се пропишани значително поголеми давачки според царинската тарифа. Утврдено е дека износот на избегнати давачки за стоката која не била пријавена изнесува 131.185,47 денари.

Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение
- До ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против правно лице и одговорните лица В. Ч. и Љ. Б. од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“. Од правното лице во периодот од 2012 до 2015 година по повеќе наврати изнесувана е акцизна стока (алкохол) од акцизен склад во акцизно - правен слободен промет, со намера да се избегне плаќање на акциза во вкупна вредност од 8.772.672,00 денари. Случајот е откриен при контрола во правното лице, кога е утврдено дека пријавените продавале алкохол на други правни лица во вкупна количина од 27.330 литри, а во 93 фактури не била пресметувана акциза. Во истите фактури била наведувана наводна акцизна дозвола од купувачите, со цел да не биде пресметана акцизата, но при проверка е утврдено дека правните лица не поседувале таква дозвола. На ваков начин изнесен е алкохол од акцизен склад во акцизно - правен слободен промет без да се пресметаат и платат акцизи од страна на правното лице, со намера да се избегне плаќање на акциза во вкупна вредност од 8.772.672,00 денари.





Назад 

Креиран од Admin на 05.04.2017
MK | EN | SQ

 
 
 
 


ИСПИТ ЗА ЛИЦЕНЦИРАН ЗАСТАПНИК -СЛЕДЕЊЕ ВО ЖИВО

 

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

 

АНКЕТА ЗА КОРУПЦИЈА


 e-Carina
НОВ КОМПЈУТЕРИЗИРАН ТРАНЗИТЕН СИСТЕМ-NCTS
СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ-СОЦДАД
ИНТЕГРИРАНА ТАРИФНА ОКОЛИНА (ИТО)

   

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ЕОРИ БРОЈ

 

Е-ТРГОВИЈА

 

ПРОМОТИВЕН СПОТ ЗА КАПАЊАТА ЗА УСНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОКА

АНКЕТА ЗА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА

КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ЦАРИНСКИТЕ ЗАСТАПНИЦИ?

БЕЗГОТОВИНСКОТО ПЛАЌАЊЕ НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ

 


 Новини
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2016
повеќе ...
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2015
повеќе ...
ИЗВЕШТАЈ ЦУРМ ТРЕТ КВАРТАЛ 2015
повеќе ...

    
 

 


 

 Линкови

 
 

 Сервиси

Supported by




Моментално посетители: 48
Вкупно посетители: 10206452

 
Почетна | За нас | Патници | Деловна заедница | Контакт | Мапа на сајтот
©2004 Царинска Управа на Република Македонија