Работите на лиценциран застапник може да ги врши лице кое има лиценца за вршење на застапување согласно овој закон.

 

Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки се издава на лице кое ги исполнува следните услови:

  • има најмалку средно образование, најмалку две години работно искуство во областа на царинското работење и положен стручен испит за лиценциран застапник или
  • има најмалку средно образование, најмалку пет години работно искуство на работни места во Царинската управа од областа на царинското работење и положено стручен испит за царински службеник, а не му престанал работниот однос во Царинската управа поради изречена дисциплинска мерка отказ за сторена повреда на царинските и други прописи кои ги применува Царинската управа.
  • во последните две години кои непосредно претходат на датумот на поднесување на барањето за издавање на лиценца, не му е изречена прекршочна санкција со правосилна одлука на надлежен прекршочен орган, односно суд за сторен потежок царински прекршок или не е огласено за виновно со правосилна одлука на надлежен суд за кривично дело против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривично дело против службената должност, кривично дело против правниот сообраќај или кривично дело определено со Законот за акцизите и
  • поседува меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода.

Лиценцата за вршење на застапување Царинската управа ја издава во рок од 30 дена од денот на приемот на уредно поднесеното барање кон кое се приложени сите докази за исполнетост на условите.

Стручен испит за лиценциран застапник може да полага лице кое:

  • има завршено најмалку средно образование,
  • има најмалку една година работно искуство во областа на царинското работење,
  • да поседува меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода и
  • има уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник.


Придружни документи

Програма за полагање на стручен испит за лиценциран застапник

Пријава за полагање стручен испит

Барање за издавање на лиценца за вршење на застапување во царински постапки

Барање за издавање на легитимација на лиценциран застапник

Примерок за надоместок за лиценца

Примерок за надоместок за легитимација

Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит

Пријава за посетување на дополнителна обука

Пријава за повторно полагање на стучен испит