Денес (21 септември 2018 година), министерот за локална самоуправа г-дин Сухејл Фазлиу и директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, потпишаа договор за кофинансирање на Проект од Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.  

Во период од 17 до 21 септември 2018 година, во просториите на Царинска управа се одржа работилница со подготвителни активности за воспоставување на систем за управување со сопствени средстава на Европската унија. Работилницата е дел од Твининг проектот „Зајакнување на институционалните и оперативни капацитети на Царинската управа“, финансиран од ИПА фондовите на ЕУ. 

Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија организира и спроведува претходна обука за лиценциран застапник. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат „Пријава за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит“ и соодветно платен надоместок до 26.09.2018 година. Времето и местото за одржување на претходната обука дополнително ќе бидат објавени на веб страницата на Царинската управа.

Согласно член 5 став 1 и 2 од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, е предвидено дека претходната обука се спроведува според Програмата за спроведување на претходна обука за лиценциран застапник и дека за посетување на претходната обука и за полагање на стручен испит за лиценциран застапник по прв пат се наплаќа надоместок во износ од 16.000,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: Посета на претходна обука за кандидат – (Име и Преземе на кандидатот)

Сите лиценцирани застапници кои планираат да ја посетуваат претходната обука потребно е да достават ПРИЈАВА за посетување на претходна обука и полагање на стручен испит и доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово. Пријавата може да ја најдете тука.

Рок за доставување на пријавите: до 26.09.2018 година

Претходната обука ќе се одржи според следниов распоред.

 

Распоред за претходна обука

Ред. бројТема на обукатаДатум
1.Царински дозволено постапување или употреба на стока02.10.2018
2.Шпедитерско работење02.10.2018
3.Транспорт и транспортно осигурување02.10.2018
4.Царинската тарифа04.10.2018
5.Потекло на стока04.10.2018
6.Даноци, акцизи  и даночна политика04.10.2018
7.Царински формалности за ставање на стока на увид на царински органи09.10.2018
8.Спроведување на транзитна постапка09.10.2018
9.Царински постапки09.10.2018
10.Нетарифни мерки и мерки на трговска политика16.10.2018
11.Изготвување и употреба на царинска декларација16.10.2018
12.Вредност на стоката за царински потреби16.10.2018

Листата на застапници кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

 

Со цел подготовка на обуките согласно Програмата за дополнителна обука за лиценцираните застапници, но и прилагодување на обуките спрема потребите на слушателите, прашањата кои може да се дискутираат на обуките може да ги доставите на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Во рамки на проектот „Поддршка за олеснување на трговијата меѓу ЦЕФТА страните“, денес (19 септември 2018 година) во Скопје, се одржа  воведен состанок од Пилот проектот за взаемно признавање на статусот Овластен економски оператор (ОЕО) на Република Македонија, поддржан од Германското друштво  за меѓународна соработка (ГИЗ).

Во текот на минатите две недели царинските службеници спречија обид за криумчарење на околу 2 килограми марихуана.

Денес (17 септември 2018 година), во Струмица се одржа работилница со цел промовирање на концептот за Овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори. 

"A man’s station is only limited by his imagination" беше слоганот на конференцијата во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија, што се одржа на 13 септември 2018 година во Скопје, на која учествуваше Царинската управа со информативна работилница за Царински постапки и извоз во е-трговијата.

Царинската управа на Република Македонија е домаќин на 4-ти Состанок на Работната група за имплементација на  Рамковната спогодба за соработка во олеснување на царинењето помеѓу Царинските управи на Кина, Унгарија, Србија и Македонија, кој се одржува на 5-6 септември 2018 година во Скопје.  

Вчера (02.09.2018 година) на граничниот премин Табановце-Прешево од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ беше најавен почетокот на имплементацијата на Проектот за заедничко гранично управување One Stop Shop помеѓу Република Македонија и Република Србија.

Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, облека, боја за ќунци, пластични штипки, контролери и грејачи за соларни бојлери и фалсификати.