Во период на летни одмори и зголемена фреквенција на граничните премини, со цел избегнување на подолги задржувања на патници и стока, потсетуваме на можноста за 24 часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба на граничните премини Табановце и Богородица.

Имено, оваа можност извозниците ја имаат од 14-ти мај 2018 година, кога со потпишување на Протокол помеѓу Царинската управа и Бирото за јавна безбедност се овозможи секој ден, во период од 24 часа, да има определен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи), стока процесирана преку НКТС системот (Нов компјутеризиран транзитен систем) и празни камиони, на граничните премини Табановце и Богородица при излез од Република Македонија.

Апелираме до сите извозници, превозници и учесници во царинските постапки да ја искористат можноста за 24 часовно приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба, при излез од Македонија, на најфреквентните гранични  премини  Богородица и Табановце, како би се обезбедила ефикасна организација, брз и безбеден проток на патници и стока, како и примена на современи царински постапки.