Почитувани,

Ве информираме дека има технички проблем со процесирањето на барањата преку EXIM системот. Во моментов се работи на негово одстранување и очекуваме дека истиот набрзо ќе биде решен.

Согласно Уредбата за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при  увоз, извоз и транзит на стоки се пристапува кон Правилата за примена на алтернативна хартиена процедура во случај на технички проблеми поврзани со EXIM, објавени на www.exim.gov.mk.

Благодариме на разбирањето.