Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Сл.Bесник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Сл. Весник на РМ) бр.27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/2018), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.2016 година и 01-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година и број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-19210/2 од 28.12.2018 година, Царинската управа објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 4 /2018

за вработување на 1 (еден ) извршител на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на

тековна фискална година (2019)

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2019):

  1. Советник на директорот, 1 извршител

Општи услови за работното место:

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работното место:

  • ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, правни науки, електротехника, машинство, организациони науки и управување (менаџмент), регулација и управување со технолошки процеси, технологија на прехрамбени производи и текстилна технологија,
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку четири години работно искуство на царински работи или во струката.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование и просек,
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
  • Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа.

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот.

Паричен износ на основна нето плата за работно место: советник на директорот со месечна нето плата од 45.999,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите наведени во огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs.gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот односно најдоцна до 04.01.2019 (петок) година.

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 4/2018“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.