Ве информираме дека согласно одредбите од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за определување на инспекциски места за контрола на храна од неживотинско потекло од увоз. 

Со ова решение се определуваат инспекциските места за проверка и преглед на пратки со храна од неживотинско потекло кои се увезуваат во Република Северна Македонија на царинските испостави на патен, железнички и авио сообраќај, 

Места за преглед на стоката ќе бидат единствено инспекциските места наведени во Решение за определување на инспекциски места за контрола на храна од неживотинско потекло од увоз. 

Стоките кои економските оператори планираат да ги пуштат во слободен промет, а имаат намера да ги складираат во царински склад или во просторија за привремено чување, како и стоките кои треба да бидат ставени во поедноставени постапки, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши преглед на стоката и ќе издава согласности само на определените инспекциски места, пред стоките да бидат складирани во соодветните складови или ставени во поедноставна постапка. Согласноста за овие случаи може да се обезбеди на сите инспекциски места определени во Решението без оглед на тоа дали се гранични или внатрешни царински испостави. 

За стока наменета за повторен извоз нема да се издава согласност (на пример доколку во едно возило за кое се врши преглед има стока што се царини, складира и дел повторно се извезува ќе се издаде согласност само за таа стока што се царини или се складира). 

Царинските испостави кои како инспекциски места се определени за проверка и преглед на пратки со храна од неживотинско потекло од страна на инспекциските службеници на Агенцијата за храна и ветеринарство се следни:

1. Инспекциско место број 1 на ЦИ Скопје-1013

2. Инспекциско место број 2 на ЦИ Скопје-1015

3. Инспекциско место број 3 на ЦИ Аеродром-1050

4. Инспекциско место број 4 на ЦИ Струмица-4050

5. Инспекциско место број 5 на ЦИ Кавадарци-4040

6. Инспекциско место број 6 на ЦИ Прилеп -5030

7. Инспекциско место број 7 на ЦИ Струга-5060

8. Инспекциско место број 8 на ЦИ Охрид-5040

9. Инспекциско место број 9 на ЦИ Битола-5010

10. Инспекциско место број 10 на ЦИ Велес-3050

11. Инспекциско место број 11 на ЦИ Штип-3010

12.Инспекциско место број 12 на ЦИ Тетово-1080

13.Инспекциско место број 13 на ЦИ Табановце-2030

14.Инспекциско место број 14 на ЦИ Богородица-4020

15.Инспекциско место број 15 на ЦИ Делчево-3030

16.Инспекциско место број 16 на ЦИ Блаце-1075