Царинската управа ве поканува на обука за технички прашања поврзани со новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД).

Обуката се организира за да се објасни начинот на надминување на најчестите проблеми и да се дадат одговори на поставените прашања поставени  по пуштање на функционалноста за дигитално потпишување во СОЦДАД.

Теми на обуката ќе бидат:

- Регистрација во СОЦДАД;

- Употреба на апликацијата за дигитално потпишување;

- Употреба на дигитален потпис .

Обуката ќе се одржи во амфитеатарот во старата зграда на Царинската управа (ул. „Лазар Личеноски“ 13, Скопје) на 16.4.2019 со почеток во 14:00 часот.

Се повикуваат сите заинтересирани да се пријават за учество најдоцна до 15.4.2019 година (понеделник) до 16:00 часот на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Во пораката потребно е да бидат доставени следните податоци за пријавените учесници:

- Име и презиме 

- Број на лиценца

- Компанија 

 

Царинска управа