Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 22/19), Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.118/19), Царинската управа, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад

 

Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари предмет на јавниот повик.

Преземањето на движните ствари е без надомест.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат на локации во Централна управа во Скопје, Царинарници Скопје, Куманово, Штип, Гевгелија и Битола со царинските испостави и граничните премини за патен сообраќај.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.

Лица за контакт во врска со јавниот повик: Валентина Чучанова, телефон за контакт: 070 358 766, електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или Зулќуфли Јашари, телефон за контакт: 071740013, електронска адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Царинската управа, Сектор за административни и технички работи, ул. ,,Лазар Личеноски’’ бр.13 – 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк http://www.customs.gov.mk објавен на веб страната на Царинската управа.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 10.07.2019 година до 16:30 часот.

Инструкции по Јавен повик