Неформален регионален состанок на директори на Царински управи од Западен Балкан

30 ноември 2017

Скопје, Република Македонија

Почитуван Претседател на Владата на Република Македонија, господин Заев

Почитуван Министер за финансии, господин Тевдовски 

Почитувани генерални директори на царинските управи,

Почитувани колеги,
Почитувани претставници на меѓународните организации
Дами и господа,
Почитувани претставници на медиумите

Дозволете да ве поздравам во името на Царинската управа на Република Македонија, да ви посакам топло добредојде и пријатен престој во Скопје.

Царинските служби во светот, вклучително и во регионот, се постојано исправени пред предизвикот за спроведување на сите активности за олеснување на трговијата што се дел од царинско портфолио. Постојaно е потребно да се вложуваат големи напори за зајакнување на институционалниот, човечкиот и техничкиот капацитет во олеснувањето на трговијата и исполнувањето на стандардите и очекувањата од економските оператори.

Царините на патот за постигнување на максимално забрзување на своето работење и поголема ефикасност, преку поедноставување и модернизација на царинските процедури е потребно постојано да соработуваат со голем број на учесници во маѓународната трговија и движењето на стоки.

Взаемната соработка помеѓу царинските служби претставува многу важен сегмент од работењето и успешноста. Размената на мислења, искуства и најдобри практики, во царинското работење води кон ефикасни решенија и подобри резултати. Од особена важност е примената на современата комуникациска технологија и навремена размена на податоци.

Во таа насока соработката со меѓународните и донаторски организации активни во областа на олеснувањето на трговијата обезбедува дополнителни ресурси и стручност за реализација на поставените цели.

На состанокот со моите колеги и претставниците на меѓународните организации, кој се одржува во Скопје, ќе се дискутира за изнаоѓањето на модалитети и договарање на идните активности за забрзување на царинските постапки.