Царинската управа на Република Македонија и Регионалниот тренинг центар – Светска царинска организација (РТЦ-СЦО) со огромно задоволство Ве поканува на предавањето на г-динот Мајкл Лукс, поранешен директор на единицата за царински постапки на Европската комисија на тема „Царината во глобализираниот свет”.

Предавањето ќе се одржи во четврток, 1.03.2018 година, во Амфитеатар 2 во просториите на Економскиот факултет, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје со почеток во 14 часот.

Во очекување на присуството на сите заинтересирани страни , академската и студентската заедница,

Со почит,
Царинска управа на Република Македонија
Регионален тренинг центар – Светска царинска организација