По официјална најава од страна на грчки царински службеници, информираме дека од денес (31.05.2017 година) од 21:00 часот започнува генерален штрајк на грчките царински службеници кој ќе трае 24 часа.

На граничните премини од нивна страна нема да бидат пропуштани товарни и патнички моторни возила, освен итни случаи, а пешаците слободно ќе можат да се движат.