Директорот на Царинската управа учествуваше на Семинар на високо ниво за долгорочна стратегија за имплементација на царинските ИТ системи што се одржа на 28 и 29-ти септември 2017 година во Талин – Естонија, организиран од Customs 2020 програмата за соработка на ЕУ.

На семинарот генералните директори и експерти од националните царински администрации на земјите членки и кандидати за членство во ЕУ разменија информации и искуства за можните начини за развој, управување и финансирање на царинските ИТ системи по 2020 година.

Царинската управа на Република Македонија оствари активна соработка и ги потврди заложбите за имплементација на долгорочната стратегија на оваа програма на Европската комисија и во Република Македонија.

На маргините на семинарот, директорот на Царинската управа оствари билатерални средби со директори на неколку царински управи од Европa, со цел размена на мислења за актуелните предизвици во регионот и договарање на билатерални активности.

 

1a
1a
3
3
6a
6a
Previous Next Play Pause
1 2 3