Во текот на изминатите две седмици се откриени повеќе обиди за криумчарење на разна стока,  при што привремено се задржани средства за чистење, средства за лична хигиена, додатоци на исхраната, обувки и фалсификати.

Задржана е следната стока:

Средства за чистење и лична хигиена

- 96 литри и 20 килограми препарати за чистење (пасти и концетрати за садови, теписи, подови, облека, стакло, санитарии и омекнувач за облека), 30 литри препарати за лична хигиена (крема за раце, алкохолен гел за раце, шампон за коса течен сапун и млеко за тело), 40 дезодоранс-стикови, 6 стикови за усни, 4 кесички за абсорбирање на мирис и 52 пирамиди-абсорбери за мириси,  откриени при контрола на сепски автомобил, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во три патни торби, сместени на задното седиште и пред совозачкото седиште, се привремено задржани, а против сопственикот, српска државјанка која патувала со автомобилот, ќе биде поведена прекршочна постапка.

Додатоци на исхраната

- 1.930 капсули додатоци за имунитет (55 кутии Амброзија Б17 и 46 кутии Colimmuno Strong), откриени при контрола на бугарски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Деве Баир, се пријавиле тројца бугарски државјани. Непријавените препарати, пронајдени во три картонски кутии, сместени во багажникот на возилото и покриени со патни торби, се привремено задржани, а против сопственкот кој патувал со возилото е поднесено барање за поведување прекршочна постапка. 

- 3.060 капсули и 2,5 килограми разни додатоци на исхраната (вкупно 62 пакувања), 7 сапуни од 125 грама од козјо млеко и 6 шампони за коса од 300 ml, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на турски државјанин кој пристигнал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка. 

Обувки

- 22 пара спортски обувки, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Делчево. Непријавените обувки, пронајдени во багажникот на возилото, покриени со церада, се привремено здржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 501 парчиња облека (фармерки, јакни, кошули, детски блузи, тренерки, пижами, јакни, комплети и долна облека, бебешки блузи и јакни и друго) и 12 пара детски патики, со ознаки на заштитени трговски марки, кои воедно не биле опфатени со царинските документи, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.. Производите се привремено задржани, против увозникот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка и истовремено ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

 

Dodatoci na ishranata,Aerodrom SK
Dodatoci na ishranata,Aerodrom SK
Dodatoci za imunitet,Deve bair
Dodatoci za imunitet,Deve bair
Obuvki,Delcevo
Obuvki,Delcevo
Sredstva za higiena,Tabanovce
Sredstva za higiena,Tabanovce
Previous Next Play Pause
1 2 3 4