Почитувани,

Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.

Согласно член 6 став (2) од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, учесниците на дополнителната обука потребно е да уплатат надомест во износ од 4.500,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
Цел на дознака: Посета на дополнителна обука во термин (да се наведе само бројот на терминот даден во распоредот за одржување на дополнителната обука)

Сите лиценцирани застапници кои планираат да ја посетуваат дополнителната обука потребно е да достават ПРИЈАВА за посета на дополнителната обука и доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Рок за доставување на пријавите: до 26.02.2018 година

Дополнителната обука ќе се одржи според следната

ПРОГРАМА.

Распоред на одржување на обуките:

Датум и местоТермин
8 и 9 март 2018 година со почеток во 9,00 часот Скопје – Царинска управа1
15 и 16 март 2018 година со почеток во 9,00 часот Скопје – Царинска управа2
15 и 16 март 2018 година со почеток во 9,00 часот Гевгелија, „Фламинго“3
27 и 28 март 2018 година со почеток во 9,00 часот Скопје – Царинска управа4
27 и 28 март 2018 година со почеток во 9,00 часот Струмица, „Вила Парк“5
3 и 4 април 2018 година со почеток во 9,00 часот Скопје – Царинска управа6
3 и 4 април 2018 година со почеток во 9,00 часот Битола – Царинарница Битола7
16 и 18 април 2018 година со почеток во 9,00 часот Скопје – Царинска управа8

Листата на застапници кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување.

Со цел подготовка на обуките согласно Програмата за дополнителна обука за лиценцираните застапници, но и прилагодување на обуките спрема потребите на слушателите, прашањата кои може да се дискутираат на обуките може да ги доставите на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Согласно динамиката на пријавување на слушателите Царинската управа, во случај на потреба, ќе објави и дополнителни термини и распоред на обуките на интернет страната.