Во текот на изминатиот период, царинските службеници открија царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани облека, фалсификати, перници, волнени појаси со магнет, елеци, прекривки, биомагнетни лежалки, магнетни подлоги, масажер, додатоци на исхраната, вијагра, метал детектор, семенски материјал, цигари, телевизор, автоделови и друго.

Задржана е следната стока:

Облека, прекривки, перници и друго

- 24.275 парчиња непријавена облека (блузи, чорапи, тренерки, фармерки и долна облека) и 250 парчиња облека (блузи и фармерки) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1. Непријавените производи и производите за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост се привремено задржани. Против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка заради обид за внесување на непријавени производи, а за сомнителните производи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

- 9.390 парчиња непријавена облека (маици и долна облека), со вредност од околу 267 илјади денари, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 2. Производите, кои не биле опфатени со царинската декларација, се привремено задржани а против увозникот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 456 детски комплети (панталони, блузи, елеци, капи), откриени при контрола на турски автобус кој сообраќал на релација Турција-Македонија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица.   Непријавените производи, пронајдени во две јутени вреќи, сместени во багажниот простор на автобусот, се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, ќе биде поведена соодветна постапка.

- 35 разни производи (перници, волнени појаси со магнет, елеци, прекривки, биомагнетни лежалки, магнетни подлоги и масажер), откриени при контрола на српски автомобил, управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот и на задното седиште на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка. 

- 35 детски спортски комплети, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, од кој 22 комплети беа со ознаки на заштитени трговски марки, се пронајдени во две пластични кеси сместени во багажникот на возилото. Истите се привремено задржани, а против возачот ќе боде поведена соодветна постапка. 

Додатоци на исхраната, Viagra и метал-детектор

- 600 кесички Complan од 57 грама, прашак за приготвување на диетален оброк за специјални медицински намени, 56 таблети Viagra и 1 метал-детектор, марка Pillar, откриени при контрола на британско патничко комбе, управувано од британски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во пластични торби во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Цигари и семенски материјал

- 32 кесиња со семенски материјал и 24 штеки цигари, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Дојран.

Во првиот случај, при контрола на српски автомобил управуван од српски државјанин, пријавен за влез во државата, во мала рачна торба биле пронајдени 32 кесички со вкупно 26.000 семки за градинарски култури (домати и дињи), со вкупна вредност од околу 110 илјади денари, Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во вториот случај, при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за  влез во државата, во неклоку кеси од фри-шоп сокриени во задните седишта на возилото, биле пронајдени  24 штеки цигари Marlboro без акцизни маркички. Непријавените цигари се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување  прекршочна постапка.

Стоматолошки материјали и инструменти

- 3.970 парчиња разни стоматолошки инструменти и материјали (спреј за чистење инструменти, течност за миење импланти, хируршки конец, хируршки жилети, турбини за стоматолошка машина, четки за полирање, огледалца и друго), со вредност од околу 325 илјади денари, откриени при контрола на романски автомобил, управуван од романски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во две торби и 1 несесер, сместени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Автоделови и техничка стока

- 4 резервни делови за товарно возило DAF (алтернатор, анласер, цилиндар за менувач и мотор за греење), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил со кој за влез во државата на граничниот премин Деве Баир се пријавиле двајца македонски државјани. Непријавените производи, сопственост на сопатникот во возилото, биле пронајдени во багажниот простор, покриени со чаршафи и перници. Производите се привремено задржани а против сопственикот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

- 1 Телевизор SAMSUNG 75, откриен при контрола на австриски автомобил, управуван од австриски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот телевизор, пронајден во багажникот на возилото покриен со ќебе, е привремено задржан, а против возачот е поведена прекршочна постапка. 

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 216  парчиња детски облека (долни тренерки, блузи и фармерки) и 30 килограми украсни хартиени кесиња, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Сомнителните производи се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

- 100 рачни часовници, 50 безжични контролери и 1 мултимедијален систем за автомобил со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, при контрола на три брзи пратки.

Во првиот случај при контрола на пратка од испраќач од Сингапур, наменета за физичко лице од Косово, биле пронајдени 100 рачни часовници. Во вториот случај, при контрола на пратка од Кина, наменета за фирма од Скопје, биле пронајдени 50 безжични контролери за Play Station, а во третиот случај при контрола на пратка од Кина, наменета за физичко лице од Велес, бил пронајден 1 мултимедијален систем за автомобил. Во сите три случаи, сомнителните производи се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, и согласно законските прописи ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност. 

Измама

Во царинската испостава Гевгелија, увозник од Ресен пријавил за увозно царинење маслиново масло, декларирано во тарифна ознака со стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 5%. Поради сомневање во правилното распоредување на стоката, била земена мостра и испратена на испитување во Царинската лабораторија, од каде бил добиен одговор дека маслиновотo масло треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака, за која се пропишани стапка за царински давачки од 15%, прелевман од 12,299% и стапка за ДДВ од 5%. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака биле пресметани дополнителни увозни давачки во износ од околу 303 илјади денари.

Во царинската испостава Кавадарци, увозник од Неготино пријавил за увозно царинење производи со трговски назив „Пластична фолија зајакната со текстилен материјал скај“, „Кеси за пакување“, „Пластична фолија од полиуретан со клеточна структура“ и „Мастило за вештачка кожа“, декларирани во тарифни ознаки со стапки за царински давачки 5%, 6%, 6% и 0%, редоследно, и стапка за ДДВ од 18% за сите производи. При увид на документацијата и извршениот детален преглед на стоката, царинските службеници утврдиле дека наведените производи треба да се распоредат во сосема други тарифни ознаки за кои се пропишани повисоки стапки за царински давачки, односно стапки за царински давачки од 6,5%, 12.5%, 6,5% и 6,5% редоследно. Царинска испостава Кавадарци изготви Записник за распоредување на стоката според царинската тарифа, врз основа на што биле пресметани дополнителни увозни давачки од околу 9 илјади денари, и спроведе прекршочна постапка со мандатна казна против царинскиот застапник.

Во царинската испостава Струга е спречен обид за влез на стока чиј увоз е забранет. Увозник од Кавадарци пријавил за увозно царинење 26.710 килограми Безоловен бензин РОН 95.6. Поради сомневање дека стоката е неправилно декларирана, била земена мостра и испратена на испитување во царинската лабораторија, од каде бил добиен одговор дека се работи за безоловен бензин  со број на октани 94.5, кој согласно Водичот за царинење треба да се распореди во друга тарифна ознака, за која увозот е забранет. 

Врз основа на резултатите од анализата, царинската испостава изготви записници за царински прекршок и тарифна ознака и донесе решение за враќање на стоката во странство.

Cigari, Dojran
Cigari, Dojran
Detski kompleti, Bogorodica
Detski kompleti, Bogorodica
Metal-detektor,Novo Selo
Metal-detektor,Novo Selo
Obleka,Dojran
Obleka,Dojran
Obleka,mobilna
Obleka,mobilna
Prekrivki,pernici...,Tabanovce
Prekrivki,pernici...,Tabanovce
Semenski materijal,Dojran
Semenski materijal,Dojran
Stomatoloski instrumenti, Bogrodica
Stomatoloski instrumenti, Bogrodica
Televizor, Tabanovce
Televizor, Tabanovce
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9