На 5 април 2018 година во Корча се одржа билатерална средба помеѓу делегации на Царинските управи на Република Македонија и Република Албанија. Состанокот на делегациите предводени од директорите на двете служби се одржа во насока на зајакнување на соработката помеѓу двете земји, воспоставена во рамките на Спогодбата за билатерална царинска соработка помеѓу Република Македонија  и Република Албанија, соработката во рамките на Договорот за слобдна трговија (ЦЕФТА)  како и соработката на граничните премини.

Делегациите предводени од Директорите на царинските служби г-дин Ѓоко Танасоски  и г-ѓа Белинда Икономи, разговараа  за повеќе теми од интерес за унапредување на взаемната соработка,  за понатамошна продлабочена соработка  на полето на контролите и истрагите во борбата против царинските измами  како и на забрзувањето  на преминувањето на границата на граничните премини.

На средбата е констатирано дека соработката меѓу двете царински служби е на високо ниво, дека   двете царински управи  соработуваат во имплементацијата на Договорот за слободна трговија во Централна Европа (ЦЕФТА) и дека понатамошното продлабочувањето на оваа соработка е од интерес за двете држави како и за целиот регион.