Согласно известувањето на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и известувањето на Косовската царинска служба од 09.05.2018 година,

заради привремено затворање на магистралниот пат Качаник-Хани и Елезит, а во согласност со Уредбата за категоризација, обем на користење на работното време на граничните премини (Службен весник на Република Македонија бр. 161/13), Царинската управа на Република Македонија го издава следново известување:

Почнувајќи од 12.05.2018 година, внесување и изнесување на стока покрај на граничниот премин Блаце може да се врши и на граничниот премин Јажинце за стока што не претставува високо ризична стока. Увозното и извозното царинење на стоката ќе се врши во сите внатрешните царински испостави.

Ова известување ќе се применува до повторно воспоставување на сообраќај на магистралниот пат Качаник-Хани и Елезит.