Царинската управа развива нов Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Овој систем е предвиден како замена на АСИКУДА и ќе овозможи целосно електронско поднесување и обработка на царински декларации и акцизни документи. Tестирање за прифаќање на системот ќе се одвива во периодот јуни-октомври 2018 година. Првиот модул што ќе се тестира е модулот за извоз, во периодот од 04.06 до 22.06.2018 година.

За тестирањето да биде извршено во што е можно пореална околина, се повикуваат учесниците во царинските постапки кои се заинтересирани да учествуваат во тестирањето да се пријават најдоцна до среда, 30.05.2018 година,  до 12 часот.

Пријавата се доставува по електронска пошта до:

  • Јовица Кипријановски, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  - проектен менаџер,
  • Ѓорѓи Наумовски  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  - заменик проектен менаџер и
  • Офелија Бајо, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  -  контрола на квалитет

Пријавата треба да содржи податоци за:

-          Назив и даночен број на економскиот оператор и својство во кое учествува во постапката;Царински испостави каде учесниците во царинските постапки ќе поднесуваат царински декларации и акцизни документи;

-          Список на вработени со контакти (електронска пошта и телефон) кои ќе поднесуваат царински декларации и акцизни документи (максимум две лица).

Царинската управа од пријавените ќе одбере најмногу 10 економски оператори кои ќе учествуваат во тестирањето. Избраните компании ќе бидат известени на 30.05.2018 до 16:30 по електронска пошта, при што ќе бидат поканети на обука која ќе се одржи на 31.05. и 01.06.2018 во просториите на Царинската управа. Основен критериум при избор на економските оператори ќе биде број на поднесени царински декларации и акцизни документи во тековниот систем.

Тестирањето на системот ќе се врши со поднесување на декларации преку веб портал, со претходно дефиниран кориснички пристап.