На 22 ноември 2018 година, во просториите на Царинската управа, пред бизнис заедницата презентиран беше системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).  

Присутните имаа можност да се запознаат со значењето на Интегрираната тарифна околина, систем кој ги интегрира на едно место сите тарифни и нетарифни мерки, како што се царински давачки, ДДВ, акцизи, други давачки, забрани и ограничувања и сл., за сите видови на стоки. Системот содржи повеќе модули кои ја формираат т.н. тарифна околина. ИТО овозможува дополнителна автоматизација на процесот на царинење, имајќи во предвид дека обезбедува електронски пристап до сите податоци, неопходни при подготовката на царинските декларации, а кои претходно беа достапни исклучиво во хартиена форма. Во рамките на овој систем ќе биде обезбеден и посебен модул за пресметки со кој автоматски ќе се пресметуваат царинските и другите давачки, но истовремено и автоматски ќе се проверуваат. Сето ова, на економските оператори ќе им овозможи побрза, пократка и поевтина царинска постапка, што несомнено ќе доведе кон полесно и побрзо движење на стоките. Од друга страна, од аспект на Царинската управа ќе се зголеми ефикасноста во спроведувањето на царинската постапка и ќе се подобри системот за превенција и препознавање на измами.

На настанот се обрати и директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски кој истакна дека Царинската управа е целосно посветена кон пристапување во ЕУ, и исполнување на најважниот предуслов за тоа - воведување на електронски системи со кои ќе се обезбеди целосна компатибилност и интероперабилност помеѓу ИТ системите на Царинската управа и соодветните ИТ системи на царината на ЕУ. Исто така, посочи и дека новата ера на Дигитална царина значително ќе го измени начинот на кој работи Царината. Како крајна цел таа ќе ја олесни комуникацијата, обработката при царинењето на стоките, приемот и размената на информации, координирани гранични активности, како и соработка во областа на примената на законите. 

 

ito 1
ito 1
ito 2
ito 2
ito
ito
Previous Next Play Pause
1 2 3