Годинава сите царински деклариции и акцизни документи ќе се обработуваат електронски. Ова беше истакнато денеска при посетата на министерот за финансии Драган Тевдовски на посетата на Царинската управа. Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.

-На овој начин за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето. Сите документи ќе се поднесуваат електронски. Наша цел е да автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите - рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе овозможи и размена на податоците со другите институции, како на пример, Управата за јавни приходи при поднесување на ДДВ пријави кон кои се поднесуваат царински декларации или Завод за статистика и Народна банка за податоци за увоз и извоз.

Во првата половина од годинава ќе биде пуштен и нов терминал на граничниот премин Ќафасан, посочи директорот на Царинската Управа Ѓоко Танасоски. Проширувањето на царинскиот премин Ќафасан опфаќа нов увозно-извозен царински терминал од 9,5 илјади м2, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи (објект за Царинската управа, водовод и канализација, осветлување, изградба на пречистителна станица), како и реконструкција на постојните објекти.

-Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите, што ќе се постигне со реконструкција на објектите за царинење и инспекција, обезбедени подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството.- рече Танасоски.

Инаку минатата година, како што истакна Танасоски, беше пуштен во употреба новиот царински терминал на граничниот премин Табановце. Надградбата на терминалот, овозможува олеснување на прекуграничната трговија долж Коридорот 10 и спроведување на царинските постапки во модерни капацитети.

Во доменот на примена на концептот Овластен економски оператор, беше посочено дека идните активности на Царинската управа ќе тежнеат кон зголемување на бројот на издадени одобренија. преку натамошна промоција на концептот, и советување на компаниите и помош при соочувањето со новините од овој концепт.

 

2
3
11
22
33
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5