Ве известуваме дека денес (05.02.2019 година) ќе биде пуштена во продукција нова верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. Новата верзија на EXIM е интегрирана со новиот Систем за обработка на декларации и акцизни документи (СОЦДАД) и системот Интегрираната тарифна околина (ИТО), а исто времено е надградена со нова функционалност за економските оператори.

Деталите за промените во EXIM системот кои произлегуваат од интеграцијата на EXIM со ИТО се дадени во упатството дадено на следниов линк.

Новата функционалност ќе им овозможи на економските оператори да вршат претходна (pre-arrival) подготовка (внесување, измена и дополнување) на барањата за дозволи во EXIM. Корисничкото упатство за користење на функционалноста за претходна подготовка на барањата за лиценци во EXIM може да се преземе на следниов линк.

Воедно информираме и дека е постигната комплетна интероперабилност помеѓу царинските системи EXIM, NCTS и ИТО со новиот СОЦДАД, со што се поедноставува работата на економските оператори, а истовремено се зголемува ефикасноста во царинското работење.

Царинската управа и понатаму ќе продолжи да ги следи модерните европски текови во царинското работење и да ги развива компјутерските системи кои ги користи во своето работење.