Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека на ден 20.03.2019 година со почеток во 13:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје (кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б), ќе се спроведе полагање на стручен испит - прв дел (теоретски) со кој ќе се проверува теоретското знаење и стручната оспособеност на лиценцирани застапници, заради самостојна примена на царинските прописи во пракса. 

Списокот на кандидатите кои ги исполнуваат условите за полагање на стручниот испит ќе биде истакнат во понеделник 18.03.2019, од причина што рокот за пријавување за полагање стручен испит завршува на ден 15.03.2019 година.

Сите кандидати кои ќе се најдат на списокот за полагање задолжително да понесат лична карта заради утврдување на идентитетот.