Царинската управа во насока на подготовка на царинските застапници за работа со новиот систем за обработка на царински декларации подготви програма за обука. Согласно оваа програма царинските застапници ќе можат да се запознаат со начинот на работа со системите СОЦДАД и ИТО, основни системи за спроведување на царинските постапки.

Ве информираме дека Царинската управа со поддршка на Проектот на USAID за регионален економски раст – РЕГ на 3.5.2019 година (петок) ќе ја одржи последната обука за царинските застапници. 

Обуката ќе се одржи од 12:00 часот  на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Адреса: Булевар Гоце Делчев бр.9В, 1000 Скопје).

Се повикуваат сите царински застапници да се пријават за учество најдоцна до 30.4.2019 година (вторник) до 16:00 часот на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Во пораката потребно е да бидат доставени следните податоци за пријавените учесници:

- Име и презиме 

- Број на лиценца

- Компанија 

- Телефонски број и електронска пошта за комуникација

Поради интересот пожелно е да се пријавуваат по двајца претставници од економски оператор, а пополнувањето на групите ќе биде по принципот прв дојден прв услужен. Учесниците кои ќе ја посетуваат обуката ќе бидат известени по електронска пошта.

Сите пријавени учесници за  веќе одржаните обуки нема да се земат во предвид.

Со почит,

Царинска управа