Царинската управа на Република Северна Македонија на 14.05.2019 година во мултимедијалниот центар Јавна соба Скопје, одржа работилница насловена со тема „Овластен економски оператор (ОЕО) и учество на владините органи во неговата примена“. 

Денешната работилница, како дел од низата работилници во рамките на Проектот на УСАИД за регионален економски раст (USAID Regional Economic Growth Project – REG), беше наменета за владините органи кои во рамките на својот делокруг на работа преземаат активности кои имаат влијание на спроведувањето на царинските контроли и процедури.

Целта на работилницата претставува почеток на идните активности на Царинската управа за интезивирање на соработката на сите владини органи во концептот Овластен економски оператор и овозможување на поволности за овластените економски оператори во спроведувањето на нивните деловни активности.

Заедничката соработка на владините органи во концептот Овластен економски оператор ќе ги зголеми поволностите за економските оператори, ќе овозможи олеснувања на глобалните синџири за снабдување и ќе се постават фундаментите кон взаемното признавање на издадените одобренија на регионално ниво.

„Во меѓународната трговија, организациите не се мерат само преку нивниот годишен профит, туку, исто така, и според начинот како ги извршуваат нивните активности.  Добивањето на статус на ОЕО потврдува и докажува дека компанијата ги извршува нејзините активности во согласност со правилата и препораките што се релевантни за ефикасноста и безбедноста на нејзините операции. Придонесот на статусот на ОЕО има значително влијание на професионалната компететност и квалитетот на услугите што ги нуди компанијата, како што се брзина на спроведување на постапката, поедноставување на царинските постапки и на формалностите за царинење на стоките и она што е најважно гаранција дека стоките треба да пристигнат на крајното одредиште во точно предвиденото време.

Се наоѓаме во глобално опкружување каде растот на меѓународната трговија не може ниту да се попречува, а на логистичките синџири, како посредници во меѓународната трговија им се потребни компании и професионалци што треба да го зголемат квалитетот на работата. Без никаков сомнеж, можам да кажам дека ОЕО е токму тој „плус“, таа „додадена вредност“, што ја прави меѓународната трговија побезбедна, побрза, поефикасна. Токму во тој контекст, Царинската управа силно ќе го промовира развојот на ОЕО и на тој начин ќе придонесува за вклучување на македонските компании во глобалниот синџир на снабдување и зголемување на извозот.“ – истакна директорот Ѓоко Танасоски.

 

DSC_0457
DSC_0457
DSC_0491
DSC_0491
DSC_0609
DSC_0609
DSC_0672
DSC_0672
DSC_0502
DSC_0502
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5