Царинската управа ве известува дека СОЦДАД се става во функција на 01.06.2019 година за извозна постапка во сите царински испостави. Сите извозни декларации по полноќ, 00:00:01 часот на 01.06.2019 се поднесуваат во СОЦДАД.

Уште еднаш напоменуваме дека основните услови за да можете да поднесete царинска декларација се:

  • Да поседувате електронски потпис (сертификат);
  • Да имате одобрен пристап до СОЦДАД;
  • Доколку поднесување на декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да сте побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД; 
  • Сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да ги обезбедите во СОЦДАД.