На 3 јули 2019 година, директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија Ѓоко Танасоски, заедно со помошник директорот на Секторот за царински систем Златко Ветеровски, остварија две работни посети и тоа во компаниите Дрекслмајер и ИГМ-Трејд Доо Кавадарци. Целта на посетата беше доделување на Одобренија за Овластен економски оператор.

Издадено е 4-то по ред одобрение за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност на ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија Дооел Кавадарци - МК/АЕОS/0004 и 5-то одобрение за Овластен економски оператор за царински поедноставувања/безбедност и сигурност на ИГМ-Трејд Доо Кавадарци - MK/AEOF/0005.

ОЕО статусот за Безбедност и сигурност (ОЕОС) дава можност економски оператори основани во царинското подрачје на Република Северна Македонија да користат различни олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста за стоката кога се внесува во царинското подрачје или кога истата го напушта царинското подрачје на Република Северна Македонија. Тоа значи дека економскиот оператор ги има преземено сите мерки за заштита на своето работење и истиот е сигурен и безбеден учесник на меѓународниот синџир на снабдување. Со ваков статус се здоби ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија Дооел Кавадарци.

ОЕО статусот за Царински поедноставувања/Безбедност и сигурност (ОЕОЦ/ОЕОС),  што беше доделен на ИГМ-Трејд Доо Кавадарци, дава можност економскиот оператор покрај различни олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста за стоката истовремено да користи различни поедноставувања пропишани во царинските прописи, односно има приоритетен третман во однос на другите оператори, помалку физички и документарни контроли, предност во случај на селективност и др. 

 

65631594_456351858483098_6648151101197516800_n
65631594_456351858483098_6648151101197516800_n
65638275_628209787660647_1113507444429946880_n
65638275_628209787660647_1113507444429946880_n
65644600_459805227935450_326281265248468992_n
65644600_459805227935450_326281265248468992_n
65738260_2355765771350754_8700126058197811200_n
65738260_2355765771350754_8700126058197811200_n
66044693_729571257475950_6816219128609636352_n
66044693_729571257475950_6816219128609636352_n
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5