Согласно стратегијата на Царинската управа за зајакнување на партнерските односи со деловната заедница во Република Северна Македонија, вчера (02.10.20019 година), директорот г.Ѓоко Танасоски оствари деловна средба со компаниите Актива ДОО Штип - една од водечките реномирани градежни компании со висока репутација и непобитен легитимитет вo сегментот на металската индудстрија, како и со ALBATROS - модерна компанија за облека, производител на висококвалитетни кошули.

На овие средби директорот се запозна од блиску со работните процеси на компаниите, условите во кои функционираат и разговараше за тековните состојби и бизнис климата во државата. Основната цел на посетите беше да се запознае менаџментот на компаниите со можностите што како Царина ги воведовме во последните години за олеснување на трговијата, дигитализацијата на Царинската управа и директните бенефити од истата, за сите мерки кои доведуваат до побрз раст и развој на компаниите, како и можноста за користење на поедноставени царински постапки и Овластен економски оператор.

На средбите менаџментот беше запознаен и со идните проекти кои ЦУ веќе ги започна со средства од Светска Банка, кои водат кон дигитализација не само на Царинската управа, туку и на сите институции кои се вклучени во царинските и гранични процедури. Сите овие проекти се наменети пред сѐ за подобрување на бизнис климата и воопшто олеснување на работата на компаниите, но и за елиминирање на корупцијата која секако драстично ќе се намали со самото елиминирање на човечкиот фактор во процесите.

Во рамки на посетата, директорот имаше средба и со Градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски каде со заедничка изјава пред медиумите дадоа силна поддршка на растот и развојот на приватниот сектор кој е стациониран во околината на Штип. Силниот економски раст на централно, но и локално ниво е од витално значење за државата, а Царината мора да биде главен двигател и партнер на овие промени.

71153742_2499303343686928_6514581698510848000_o
71153742_2499303343686928_6514581698510848000_o
71255526_2499304033686859_8098178583412867072_o
71255526_2499304033686859_8098178583412867072_o
71785644_2499303693686893_3150992079421702144_o
71785644_2499303693686893_3150992079421702144_o
71895000_2499303940353535_2528103091425771520_o
71895000_2499303940353535_2528103091425771520_o
72530218_2499303587020237_120619470698840064_o
72530218_2499303587020237_120619470698840064_o
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5