На 4 октомври 2019 година, во Белград се одржа билатерален состанок помеѓу претставници на Царинската управа на Република Северна Македонија и Царинската управа на Република Србија.

На состанокот се дискутираше за актуелни заеднички активности кои двете служби ги преземаат во насока на олеснување на царинското работење. Тема на состанокот беше состојбата во врска со неодамна воведениот One Stop Shop на граничниот премин Табановце/Прешево, односно активности што треба да се преземат од двете страни за понатамошно забрзување на сообраќајот, првенствено на товарни моторни возила на овој граничен премин. Меѓу другото, двете страни се договорија дека е потребно да се овозможи користење на уште една патна лента на влезната страна на граничниот премин Прешево, со соодветна инфраструктура, која би се користела како „брза лента“(за движење на товарни возила кои превезуваат стока на фирмите на кои се однесува Договорот за заемно признавање на ОЕОС, а која транзитира со користење на Т електронски документи, кои пренесуват расиплива стока и празни превозни средства).

Исто така тема на дискусија беа и заедничките активности што треба да се преземат со цел усогласување на Протоколот за валидација на постапката за издавање на одобренија за Овластен економски оператор.

Од активностите што од двете страни ќе бидат преземени се очекува олеснување на трговијата и подобрување на царинските формалности, а заедничката соработка значително ќе придонесе за понатамошно усогласување на царинските постапки и подобрување на прекуграничната размена на стоки.

slika srbija
Previous Next Play Pause
1