Царинската управа од 22-24.10.2019 година ќе биде домаќин на најзначајната конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД (Партнерство во царинското истражување и развој), што ќе се одржи во Скопје. Конференцијата се организира во соработка со Светската царинска организација и Економскиот факултет пр Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје.

Годишна тема на конференцијата  е  „ПАМЕТНИ ГРАНИЦИ за непречена трговија, патување и транспорт“, со фокус на определбата за непречено движење на стоки, патници и транспортни средства преку границите. Теми што ќе се обработуваат на конференцијата преку излагање на научни и практични трудови се: Анализа на големи податоци - Big Data Analytics, Координација и соработка на границите, Прекугранична Е-трговија, Специјални економски зони, Технологија на граничните премини и Намалување на протекционизмот.

На овогодинешната конференција се очекува присуство на околу 200 лица од повеќе од 80 земји, царински експерти, професори, консултанти. 

Конфренцијата ќе ја отворат Премиерот на Република Северна Македонија г. Зоран Заев, Директорот на Царинска управа, м-р Ѓоко Танасоски, Генералниот секретар на Светска царинската организација Кунио Микурија и Ана Чо - директор на Корејската царинска служба

Организацијата на конференцијата во Република Северна Македонија е потврда на реформскиот напредок и посветеност на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за финансии и Царинската управа за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.