Царинската управа од 01.11.2019 година започна со презентации на модулите во СОЦДАД од аспект на акцизното работење. Новиот Закон за акцизите (Службен весник на РСМ број 108/19, 143/19 и 225/19) http://customs.gov.mk/index.php/mk/za-nas-mk/carinska-regulativa/zakon-za-akcizite-mk ќе се применува од 01 јануари 2020 година со кој паралелно ќе започне и примена на СОЦДАД во делот за акцизи.

 

Во текот на месец ноември и декември 2019 година,  компаниите кои се вклучени во акцизното работење ќе можат да го користат системот во тест околина со цел запознавање на процесите. Во овој период Царинската управа интензивно ќе врши презентации на сите инволвирани субјекти во акцизното работење со подршка во периодот на тестирање во СОЦДАД. 

Ги повикуваме имателите на акцизна дозвола на кои не им е презентиран системот, како и имателите на одобрение за акцизно повластено користење да присуствуваат на презентацијата на СОЦДАД на 22.11.2019 година (петок) со почеток во 14.00 часот во просториите на Царинска управа – стара зграда.

Во првиот дел ќе бидат презентирани дел од модулите во апликацијата СОЦДАД кои ги вклучуваат процесите на регистрација на национални производи, процесот на издавање на акцизна дозвола, поднесување на декларации од акцизен склад за производство, преработка и загуба на акцизни добра, како и движење на акцизни добра во постапка на акцизно одложување.

Во вториот дел ќе се презентира постапката за издавање на одобрение за повластен корисник во апликацијата СОЦДАД, месечниот извештај од повластените корисници во системот и постапката на прием на акцизни добра со електронски акцизен документ.