Денес во Царинската управа се одржа билатерален состанок со високи претставници на Царината на Австрија, на кои меѓу другото се презентираа и детали за претстојните активности од новиот ИПА проект кој ќе биде фокусиран на поглавјата 16-Оданочување и 29-Царинска унија, а кој ќе се реализира со експертска помош на Австрија.

Делегацијата од Австрија која беше предводена од  заменик директорот на Царината на Австрија г-ѓа Бетина Вогл-Ланг, во воведниот дел оствари заедничка средба директорот на Царинската управа г. Ѓоко Танасоски и директорката на Управата за јавни приходи г-ѓа Сања Лукаревска, на која присуствуваше и амбасадорот на Австрија во Македонија Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше изразено задоволството од досегашната соработка и беа изнесени очекувањата од идните заеднички проекти каде нашите национални институции со голема доверба и благодарност се потпираат на помошта и професионалното искуство на своите колеги од Австрија.

Вториот дел од состанокот беше  резервиран за царински прашања, помеѓу претставниците на Царинската управа на Република Северна Македонија и колегите и повеќегодишни соработници од Австрија г-дин Вернер Тири - раководител на Оддел за организирање и управување во Царината и за меѓународна соработка, Мајкл Прашак - раководител на Одделот за царински прописи и меѓународни проекти и програми и г-ѓа Андреа Ројтер – раководител на Царинската испостава во Виена и јужен регион на Австрија.
Се разговараше за последните резултати во развојот на царинските служби на двете земји, работните посети во рамки на програмата Царина 2020 и организирање на активности поврзани со TAIEX.

Воедно се отвори и дискусија за претстојните активности во рамки на ИПА проектот „Подобрување на наплатата на приходите и даночните и царинските прописи“ (Improving Revenue Collection and Tax and Customs Policy), кој ќе се спроведува преку 4 компоненти во траење од 36 месеци и за кој се наменети средства во износ од 3,5 милиони евра, наменет за Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Царинската управа. Се разменија информации и околу други домени на можна соработка вон твининг проектите.

DSC_4594
DSC_4612
DSC_4618
DSC_4620
Previous Next Play Pause
1 2 3 4