Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во Северна Македонија, дополнително е подигнат степенот на проверка и контрола на секаков вид отпад и материи кои би можеле да го загрозат здравјето на граѓаните.
 
Во таа насока денес, Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони  со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница УСЈЕ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица. Вкупна количина на отпадот е 261 тон.
 
По случаен избор од два камиона беа земени мостри, а другите камиони се органолетички прегледани. Со цел поголема веродостојност на резултати, земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории и тоа до Хемиската лабораторија на РЖ Техничка Контрола, како и до Истражен центар за животна средина во Република Естонија.  
 
Резултатите од анализите се очекуваат за околу десет дена, а се до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор.
 
Инаку предметните пратки се декларирани како RDF отпад (Refuse derived fuel -RDF) кој претставува алтернативно гориво (согласно ЕУ стандардите) произведено од отпад кој содржи биоразградливи материјали. Неразградливите материјали се претходно отстранети во целост во сложена постапка на сортирање и рециклирање во инсталации за преработка на отпад, и истото се користи за генерирање на енергија (особено при производство на топла вода, тулани, цементарници и слични капацитети).

_1292804 (7)
_1292810 (5)
_1292812 (8)
_1292824 (7)
_1292860 (5)
_1292861 (5)
2 (8)
3 (6)
4 (6)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5 6 7 8 9