Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст - („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15,  27/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 02-017435/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0004 од 27.10.2015 година, број 04-065421/15-0012 од 21.06.206 година, 04-065421/15-0041 од 25.06.2019 година, Правилникот за систематизација на работните места во Царинската управа број 02-14736/1 од 06.10.2015 година, број 01-065421/15-0007 од 25.02.2016 година број 01-065421/15-0013 од 21.06.2016 година, број 04-065421/15-0035 од 09.07.2018 година, број 04-065421/15-0040 од 25.06.2019 година и 04-065421/15-0048 од 21.11.2019 година и известувањето од Министерството за финансии број 18-1405/2 од 30.01.2020 година Царинската управа  објавува:

 

                                                                   ЈАВЕН ОГЛАС бр. 2/2020

                   за вработување на 1 (еден) извршител на определено работно време, поради привремено

                                 зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2020)

 

Царинската управа објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на определено време до крајот на тековна фискална година (2020):

1. Инспектор за работа со информации во регион во одделение за разузнавање во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител, 

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Македонија, 
  • активно да го користи македонскиот јазик, 
  • да е полнолетен, 
  • да има општа здравствена способност за работното место и 
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работно место: Инспектор

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование, 
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • без работно искуство.

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование (средно образование – сите свидетелства од прва до четврта година и диплома за завршено средно образование);
  • Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик); 

Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Инспектор за работа со информации во регион–29.816,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2020 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs.gov.mk. Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадена во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 05.02.2020 година (среда). 

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи. 

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 1/2020“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РМ. 

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.