Почитувани,

Царинската управа организира дополнителна обука за лиценциран застапник согласно член 33 од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16). Согласно член 12 став (1) од Законот за застапување во царинските постапки („Службен весник на РМ бр. 180/14,154/15, 192/15 и 23/16) Царинската управа ја одзема издадената лиценца за вршење на застапување во царински постапки ако лиценцираниот застапник два пати последователно не присуствувал на дополнителната обука од член 33.

Согласно член 6 став (2) од Правилникот за програмата за спроведување на претходната обука за лиценциран застапник, висината на надоместоците за полагање на стручниот испит и за посетување на претходна обука за лиценциран застапник, програмата за полагање на стручниот испит за лиценциран застапник, начинот на бодување на првиот и вториот дел од испитот, формата и содржината на уверението за положен стручен испит за лиценциран застапник, програмата за спроведување на дополнителната обука за лиценциран застапник и висината на надоместокот за посетување на дополнителната обука за лиценциран застапник, учесниците на дополнителната обука потребно е да уплатат надомест во износ од 4.500,00 денари.

Уплатата може да се изврши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа
Лазар Личеноски 13, 1000 Скопје
Банка на примач: НБРМ
Сметка: 100-0000000630-95
Сметка на буџетски корисник: 090030017578714
Приходна шифра и програма: 725939 20
ЕДБ: МК 4030992228017
Цел на дознака: Посета на дополнителна обука во термин (да се наведе само бројот на терминот даден во распоредот за одржување на дополнителната обука)

Сите лиценцирани застапници кои планираат да ја посетуваат дополнителната обука потребно е да достават ПРИЈАВА за посета на дополнителната обука и доказ за уплатени средства во архивите на: Царинската управа и царинарниците Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово.

Рок за доставување на пријавите: до 20.02.2020 година

Дополнителната обука ќе се одржи според следната

ПРОГРАМA

Распоред на одржување на обуките:

   

Датум и местоТермин
17 и 18 март 2020 година со почеток во 9,00 часот Штип     1          
17 и 18 март 2020 година со почеток во 9,00 часот Гевгелија     2          
24 и 25 март 2020 година со почеток во 9,00 часот Скопје–Царинска управа     3          
28 и 29 април 2020 година со почеток во 9,00 часот Битола     4          
28 и 29 април 2020 година со почеток во 9,00 часот Скопје–Царинска управа     5          
12 и 13 мај 2020 година со почеток во 9,00 часот Скопје–Царинска управа     6          

 

Листата на застапници кои ќе земат учество на обуките според термините на одржување, заедно со точната локација на изведување на обуките, ќе биде дополнително објавена на интернет страната по завршувањето на рокот за пријавување. 

Царинската управа го задржува правото за измена на термините и локациите, доколку за истото се појави потреба.

Со цел подготовка на обуките согласно Програмата за дополнителна обука за лиценцираните застапници, но и прилагодување на обуките спрема потребите на слушателите, прашањата кои може да се дискутираат на обуките може да ги доставите на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Согласно динамиката на пријавување на слушателите Царинската управа, во случај на потреба, ќе објави и дополнителни термини и распоред на обуките на интернет страната.