Kако дел од активностите за превентивно дејствување и заштита од влез на вирусот на болеста африканска чума кај свињите на територијата на Република Северна Македонија Агенцијата за храна и ветеринарство изготви постери и флаери и истите ги достави до Царинската управа.

Во врска со актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите во соседните држави Република Србија и Република Бугарија како и раширеноста на болеста во државите од регионот, а со цел превентивно дејствување на сите гранични премини каде се одвива движење на патниците и стоките, од страна на Царинската управа поставени се постери и се врши дистрибуција на флаери (во продолжение на текстот фотографии од постерите и флаерите) до патниците и превозниците а со цел нивно информирање за последиците од внесувањето на пратките од животинско потекло кои потекнуваат од свинско месо во личниот багаж.

LetokCumaNapred

LetokCumaNazad

POSTERcuma