Царинската управа ги известува сите трговски друштва кои се производители, увозници, трговци на големо и/или трговци на мало со нафтени деривати, дека на 22.06.2020 година, донесена е и објавена во Службен весник бр.169/2019 Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, која стапи на сила веднаш.

Уредбата се однесува на нови износи на акцизна за обележано гасно масло како гориво за греење,  начинот на пресметка на износот на акциза, како и начинот на враќањето на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 употребено во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, начинот и постапката за остварување на правото за враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата или употребено во процес на производство, барањето за враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење, потребната документација и начинот на враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење, како и продолжување на рокот за поднесување на барањата за враќање на платената акциза од страна на дипломатските и конзуларните претставништва и меѓународните организации кој се продолжува до 30 ноември 2020 година, за набавените добра во 2019 година.

Со уредбата е пропишан нов износи на акциза за обележано гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00, од 18,121 ден/лит. 

УРЕДБА: