Ве информираме дека од понеделник, 29.06.2020 година, ќе биде пуштена во продукција нова надградена верзија на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки – EXIM. Со новата верзија на EXIM кај сите дозволи ќе бидат воведени позиции, односно редни броеви за сите ставки од дозволите, и ќе се овозможи искористувањето на одобрените количини да се прави по позиции (за секоја ставка поединечно), а не како досега сумарно по тарифна ознака. На овој начин ќе се обезбеди поголема прегледност на одобрените стоки и следливост на искористените количини. 

Дополнително, системот ќе прави резервација на количините при поднесување на царинска декларација во СОЦДАД што ќе претставува значително олеснување за економските оператори при спроведување на царинските постапки.

За да се постават наведените промени на продукција, функционирањето на EXIM системот планирано е да биде во прекин во текот на викендов почнувајќи од петок, 26.06.2020 година, од 20 часот. За времетраењето на прекинот ќе биде дозволена примена на хартиени документи, но замолуваме да се поднесуваат барања за издавање на хартиени документи само за итни и расипливи стоки кои ќе се царинат во текот на викендот за времетраењето на прекинот. По имплементирањето на промените на продукција ќе бидете известени за прекин на алтернативната хартиена процедура.

Исто така ве информираме дека како резултат на оваа надградба, извршена е и промена на Системот за обработка на царински и акцизни документи - СОЦДАД, која промена ќе се имплементира во понеделиник 29.06.202 година, во период од 10 часот, за што системот ќе биде во прекин еден час. 

 

Ви благодариме на разбирањето.