28 јули 2020 година: Европската Комисија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој денес започнаа со виртуелен почетен состанок за нов проект „Поддршка на регионалната економска интеграција“ за Западен Балкан и Република Молдавија.

Финансиран со вкупен буџет од  5,35 милиони евра, проектот има за цел да ги зајакне трговските односи и понатамошното продлабочување на економската интеграција помеѓу страните на ЦЕФТА. Тригодишниот проект, имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit ”(ГИЗ) GmbH, ќе помогне во понатамошниот развој на олеснувањето на трговијата и трговијата со услуги според  договорот со ЦЕФТА.

Проектот  преку подобрување на трговските процедури и регулативи има за цел да ја подобри ефикасноста на синџирите на снабдување во регионот и да ги намали трошоците за деловните активности. Соочен со кризата КОВИД-19 и неговите социјално-економски влијанија, сè поважно е промовирањето на активности што ја олеснуваат трговијата.

Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија и претседавач на Поткомитетот за царини и потекло на стоки во ЦЕФТА  изјави дека проектот обезбедува вредна поддршка на ЦЕФТА за унапредување на регионалната и европската агенда за економска интеграција и дека овој проект доаѓа во клучен момент со цел да се задржи интензитетот и напредокот во заедничките напори за олеснување на трговијата со стоки и услуги во регионот. Истовремено, дел од активностите на проектот ќе бидат насочени кон реализација на македонските приоритети со ЦЕФТА претседателство, пред се, поголема интеграција на ЦЕФТА на пазарот на ЕУ.

Регионалната економска интеграција никогаш не била толку релевантна. Изградбата на заеднички регионален пазар, заснован на правилата на ЕУ, ќе биде клучен за напорите за социо-економско закрепнување. Ова е исто така добар начин регионот да се стави на радарот на глобалните компании кои бараат нови деловни можности. Олеснувањето на трговијата е клучна компонента за да се обезбеди непречен проток на трговија со стоки и услуги во регионот и да се поврзат другите пазари “, истакна Франциско Лопез-Менцеро, заменик-шеф на единицата на Европската комисија.

Проектот има интегриран пристап кон елиминирање на бариерите во трговијата и намалување на придружните трговски трошоци преку две специјално прилагодени компоненти на проектот, фокусирајќи се на олеснување на трговијата со стоки и поддршка на спроведувањето на клучните приоритети за трговија со услуги и со силна деловна активност и управувачки пристап.