Проектот „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“, поддржан од страна на Царинска служба на Јужна Кореја започна на 02.06.2020 и продолжува со континуирани активности. Како дел од активностите е и посета од експерти од Јужна Кореја, при што во текот на следните 8 недели ќе бидат реализирани состаноци со менаџментот и со релевантни организациони единици од Царинската управа на РСМ, во делот на царинското работење и ИТ. Овие работни состаноци се во насока на воспоставување на Главен (Мастер) план по анализа на тековниот процес и ИТ-системот на царинската управа и прелог на модел за развој.

Целта на овој проект е зајакнување на царинската администрација на Република Северна Македонија преку модернизација на царината. Ова ќе ја зголеми конкурентноста на Република Северна Македонија подобрувајќи ја целокупната продуктивност на царинската администрација. Компјутеризацијата и подобрувањето на царинските процеси ќе обезбедат подобри услуги за македонските претпријатија и пошироката јавност и ќе ја зголемат националната безбедност преку подобра контрола врз меѓународното движење на стока и патници.

Царината на Јужна Кореја е широко позната по својот технолошки напредок и бројните награди на полето на електронските достигнувања, и е долгогодишен соработник и поддржувач на Царинската управа на РСМ.

 

 

4
4
1
1
2
2
3
3
Previous Next Play Pause
1 2 3 4