Ги известуваме граѓаните дека граничниот премин Прохор Пчински од денес 12.03 четврток од 7.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија а во врска со Ковид 19 ќе биде затворен за патници и возила.

Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево.

На 9 март 2020 година, при детална контрола на автомобил  со гевгелиски  регистарски таблици, управуван од македонски државјанин, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерство за внатрешни работи, пронајдоа хероин со вкупна тежина од околу 5 килограми, скриен во специјално конструирани простори на возилото – бункери. 

Почитувани,

Согласно заклучокот од 14та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 6 март 2020 година, се продолжува препораката за неодржување на јавни масовни собири до 13 март.

Согласно горенаведената препорака, Царинската управа ги одложува закажаните: 

- Презентација за модулот ТАРИМ шифрите кои се употребуваат, референтните податоци и начинот на интеграција на мерките на трговска политика

- Дополнителни обуки за царински застапници

Откако ќе се укине препораката за неодржување на масовни собири, ќе се објават термините за дополнителните обуки.

Со цел информирање на пријавените учесници, Царинската управа изготви распоред на пријавени ученици на дополнителни обуки за објавените термини, според принципот прв дојден прв услужен.  Детални информации за распоредот на учесници на обуката можете да најдете на следните линкови:

Листа на учесници Термин 2 (планиран за 17 и 18 март 2020 година во просториите на Факултетот за бизнис и логистика, ул. 7ми Ноември ББ Гевгелија )

Листа на учесници Термин 3 (планиран за 24 и 25 март 2020 година во Скопје – Царинска управа, ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје)

Листа на учесници Термин 4 (планиран за 28 и 29 април 2020 година во просториите на Универзитетот Св. Климент Охридски – поранешна касарна во Битола)

Листа на учесници Термин 5 (планиран за 28 и 29 април 2020 година во Скопје– Царинска управа, ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје)

Листа на учесници Термин 6 (планиран за 12 и 13 мај 2020 година во Скопје – Царинска управа, ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје)

Царинската управа навремено ќе ги информира заинтересираните странки за новите термини.

 

 

Почитувани,

Царинската управа организира презентација  за модулот ТАРИМ шифрите кои се употребуваат, референтните податоци и начинот на интеграција на мерките на трговска политика.

Целта на презентацијата е застапниците во царинските постапки  да се запознаат со функционалностите на модулот ТАРИМ и начинот на работа со истиот.

Презентацијата ќе се одржи на 12.3.2020 година (четврток) во амфитеатарот на Царинската управа (ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје, стар објект) со почеток во 10,00 часот.

Денес, 28.02.2020 година во Охрид, се одржува петтиот неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан.

Главната цел на состанокот е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува Западен Балкан, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.

На почетокот на состанокот во обраќањето на Директорот на Царинската управа беа истакнати некои од најзначајните  резултати што се постигнати во рамки на овие состаноци:

  • Отворен е заеднички граничен премин Табановце-Прешево
  • Во завршна фаза се преговорите за отворање на заеднички граничен премин помеѓу Република Северна Македонија и Албанија
  • Обезбедено е поголемо разбирање и примена на концептот на Овластен економски оператор
  • Обезбедена е поголема соработка помеѓу службите со цел да се обезбеди поголема безбедност и сигурност во прекуграничната трговија,
  • Спроведени се повеќе заеднички регионални акции;
  • Донесени се неколку одлуки во рамките на ЦЕФТА кои влијаат врз забрзувањето на протокот на стоки и патници.

Од овие сотаноци се очекува да се исполнат обврските од повеќегодишниот Акционен план за Регионална економска област која опфаќа:

  • Елиминација на нетарифните бариери;
  • Поедноставување на инспекциите поврзани со сите постапки на дозвола;
  • Намалување на формалностите до можната максимална мерка;
  • Ефикасна размена на трговски податоци на регионално ниво;
  • Воведување/зајакнување на програми за взаемно признавање на гранични документи и процедури, вклучувајќи го и овластениот економски оператор.

Директорот Танасоски посочи дека како гранични регионални служби треба да останеме посветени на размената на податоци преку електронски инструменти и да воведеме заедничко управување со ризици согласно неодамна усвоената Регионална стратегија за заедничко управување со ризиците, како и акцискиот план од страна на ЦЕФТА. Секаде каде што има услови, да воведеме заеднички гранични контроли, контроли на едношалтерски систем и да споделуваме опрема за гранична контрола.

Покрај директорите на Царински управи од Западен Балкан, на настанот  присуствуваат и претставници на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и  Британската Амбасада, како и претставниците на граничните инспекциски служби на фитосанитарната и ветеринарната контрола на Албанија, Србија и Северна Македонија.

 

DSC_5224
DSC_5201
DSC_5316
viber_image_2020-02-28_11-43-42
Previous Next Play Pause
1 2 3 4

 

Царинската управа Ве известува дека, Уверенијата за посетена претходна обука за лиценцирани застапници, одржана од 11-20.02.2020 година  се изготвени.

Во рамки на ЦЕФТА конференцијата - Looking back and moving forward oрганизирана од ГИЗ, ЦЕФТА и Европската Комисија, што се одржува во Тиват, Црна Гора директорот на Царинската управа како панелист и претседавач на Поткомитетот за царина на ЦЕФТА ги презентираше постигнувањата на Царинската управа во областа на олеснувањето на трговијата и дигитализацијата. 

Оваа година треба да почне примената на меѓународното признавање на ОЕО, заеднички профили за анализа на ризик и СЕЕД +. 

 

87482252_567447687183648_5632199582583619584_n
giz (159)
giz (161)
giz (169)
giz (181)
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Државниот Пазарен Инспекторат, во текот на денешниот ден спроведоа две акции против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи.

На 18.02.2020 година, директорот на Царинската управа г.Ѓоко Танасоски оствари посета на фабриката за автомобилско делови Теламон, фабрика која произведува машини за спојување, автоматски машини за сечење кабли, ленти, машини за пресекување и затворање. 

На билатералната средба која се оддржа вчера помеѓу министерот за животна средина и води на Република Бугарија, Емил Димитров и министерот Нуредини за животна средина и просторно планирање се разговараше за зајакнување на контролата на прекуграничното движење на отпадот.