Царинската управа  го донесе новиот Прирачник за овластен економски оператор што претставува заокружување на процесот на усогласување со царинското законодавство на Европската унија во делот кој го регулира статусот ОЕО. Овластениот економски оператор со стекнувањето на статусот има многу оволности како: намалени физички и документарни контроли, приоритет во случај кога е селектиран за контрола, избор на место за контрола, предност при одлучување на поднесени барања во Царинската управа, полесен пристап до царинските поедноставувања и можност за взаемно признавање на издадените одобренија со други земји.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за нелегален излез на мигранти, како и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани мобилни телефони, моторни фенови за парни котли, делови од систем за наводнување, делови за ролетни, цилиндри за брави, облека и фалсификати.

Царинската управа во насока на подготовка на бизнис заедницата за работа со новиот систем за обработка на царински декларации, а врз основа на барањата од бизнис заедницата подготви програма за обука за работа со модулот за управување со одобренија во царинските постапки и гаранции. 

 

Делегација на Царинската управа на Република Северна Македонија, присуствува на Семинар на високо ниво за едношалтерски систем во Царината на Европска Унија. Семинарот се одржува во период 16-17.05.2019, во Букурешт, во рамките на претседателството на Романија со Европска Унија.

Царинската управа на Република Северна Македонија на 14.05.2019 година во мултимедијалниот центар Јавна соба Скопје, одржа работилница насловена со тема „Овластен економски оператор (ОЕО) и учество на владините органи во неговата примена“. 

Во текот на минатите три недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови,   козметика, патничко возило, полуприколка, санитарни производи и балони.

 

Согласно последното Известување број 11-1018/1 од 13.05.2019 година доставено од страна на Регулаторната комисија за енергетика, Царинската управа е информирана дека последната Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата, бр 02-896/1 од 30.04.2019 година, донесена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, престанува да важи по 23,59 часот на 13.05.2019 година.

Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство, на Царинската управа на Република Северна Македонија и донираше нова софистицирана опрема за пребарување возила. Донацијата ја предадоа британската амбасадорка Рејчел Галовеј и Дејвид Хантли, директор за меѓународни операции, на свечен настан што се одржа денес на 08 мај 2019 година. 

Царинската управа Ве известува дека на ден 23.05.2019 година со почеток во  09:00 часот, во просторијата број 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје кој се наоѓа на бул. „Гоце Делчев“ број 9б,  е закажано повторното полагање (поправен испит) за вториот дел од испитот –студија на случајот. 

Царинската управа во соработка со Светската царинска организација од 22-24.10.2019 година во Скопје ќе биде домаќин на 14-тата Светска царинска конференција ПИКАРД. Изборот на Царинската управа и на Република Северна Македонија за домаќини на оваа конференција е потврда на реформскиот напредок на Владата на Република Северна Македонија за вклучување во глобалните синџири на светската економија, модернизација на царинското работење и олеснување на трговијата.