Царинската управа зеде учество на регионалниот В2В настан кој за првпат како таков се одржува во земјата, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија и со поддршка на УСАИД преку проектот „Создавање на работни можности за ММСП во Северна Македонија“, или поточно како дел од втората активност на проектот-Пристап до пазарите на бизнисите на СКСЗМ. Вклучени се три земји-Република Северна Македонија, Република Косово и Република Албанија.

Денес директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски и регионалниот директор на РЕАКТ Б.В. ѓ-ѓа Ели Муфишовски, потпишаа Меморандум за соработка и спречување на трговија со фалсификувана и пиратска стока.

 

Дени Интернационал е нов имател на одобрение за Овластен економски оператор, седми по ред.

Ве известуваме дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи, е ставен повторно во функција. Работата на истиот беше во прекин поради технички причини.

Ви благодариме на разбирањето.

Ги известуваме царинските застапници и економските оператори дека Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи - СОЦДАД има времен застој односно се работи на отстранување на проблемот со дигиталното потпишување.

Од тие причини ве известуваме дека може да се применува резервна постапка на хартија во Асикуда се до надминување на проблемот.

  

 

 

Денес (16-ти септември) свечено беа пуштени во употреба новите објекти на царинскиот терминал на патниот граничен премин Ќафасан , лоциран на границата кон Република Албанија, долж пан-Европскиот коридор 8 (исток-запад), кој е 4-ти најфреквентен граничен премин за стокови пратки во земјата.

Охрид и Струга на 12 и 13 септември беа домаќини на 4-тата Меѓународна конференција за управување со отпад со работен наслов „Комуницираме за управување со отпад“, организирана од „Македонската асоцијација за управување со цврст отпад“ (MaSWA) чиј претседател е Даниела Нелепа. На конференцијата учествуваа над 40-тина странски гости од десет земји, меѓу кои и претставници на Царинската Управа.

На тркалезна маса која се одржа во хотел Изгрев во Струга, на тема “Комуницираме со сите субјекти од општеството, како да се унапреди управувањето со отпад во Република Северна Македонија“ учесник беше и директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, м-р Ѓоко Танасоски. Тој ја истакна улогата која царината ја има како институција за контрола за правилна примена на забраните и ограничувањата за увоз, извоз и транзит на отпад. Истакната беше координативната улогата која царината ја има во комуникацијата со сите инволвирани инстиуции кои издаваат дозволи и согласности за увоз на стоки и значењето на нивната меѓусебна соработка и комуникација за сите прашања поврзани со контролите на стоките при влез во државата.

За време на тркалезната маса одговорени беа повеќе прашања поставени од страна на невладините организации околу контролата на увозот на отпадот. На маргините од конференцијата беа остварени средби со невладините организации со кои се договорени понатамошни средби и состаноци во насока на поблиско запазнавање со активностите на Царинската управа.

 

Image-13
Image-14
Image-15
Image-11
Image-12
Previous Next Play Pause
1 2 3 4 5

 

 

Во насока на зајакнување на соработката со деловната заедница, што е клучен фактор за градење на доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки, денес (11.09.2019 година), директорот на Царинска управа г Ѓоко Танасоски оствари средби со претставници на Сојуз на Стопански комори, како  и со претставници на членките на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Денеска, Царинската управа на Република Северна Македонија и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на цигари, режан тутун и други тутунски производи низ пазарите во неколку града низ државата, претходно Скопје и Битола и денеска Тетово. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. 

Во текот на минатите четири недели, царинските службеници открија два обиди за криумчарење дрога, едно возило со бункер и неколку обиди за криумчарење разна стока, при што се задржани роботска косилка, хемиски препарати, облека, ташни, свежи морски плодови и козметички производи.