Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија со задоволство ве поканува да земете учество на настанот со наслов „Презентација на Интегрираната тарифна околина (ИТО)“ .

Целта на презентацијата е запознавање на бизнис заедницата со системот, концептот и примената на Интегрираната тарифна околина (ИТО).  

Учесниците на настанот ќе се запознаат со апликацијата – ТАРИМ и двата подмодули на ТАРИМ модулот - консултацискиот и калкулацискиот модул. Во моментот консултацискиот модул е поставен на веб страницата на ЦУРМ и подaтоците се неофицијални. Сo воведувањето на СOЦДАД (Систем на обработка на царински декларации и акцизни документи) пресметката на податоците во царинските декларации ќе се врши преку калкулацискиот подмодул на ТАРИМ и истиот е од исклучителна важност, па оттука на неговото презентирање ќе се посвети и поголемо внимание.

Настанот ќе се одржи на 22 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 14:00 часот. 

На 16 ноември 2018 година, Царинската управа го прифати Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе ја замени досегашната АСИКУДА, истиот беше подготвуван во изминатите 5 години и претставува почеток на Дигиталната ера на Царинската управа.

Во периодот 15-16 ноември 2018 година, во Скопје, се одржа работилница за Имплементација на едношалтерски систем и размена на податоци - Поврзување на земјите од Западен Балкан. Работилницата е организирана од Царинската управа на Република Македонија во соработка со UNECE - Економската Комисијата на Обединетите Нации за Европа и Проектот на USAID за регионален економски раст.

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Ѓоко Танасоски на 13.11.2018 година учествуваше на 15-тиот состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување што се одржа во Скопје. 

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови за човечка употреба, додатоци на исхраната, козметички средства, средства за лична хигиена, делови од систем за наводнување, цигари и фалсификати.

Почитувани,

Царинската управа на Република Македонија со задоволство Ве поканува да земете учество на настанот за Промовирање на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори.

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  девизи, автоделови, монитори за видео надзор и компјутери, разводна табла, гасен пиштол со муниција, вакцини за животни,  материјал за бижутерија и цигари.

Царинската управа јавно ве повикува и ве известува дека во период од 02.11.2018 до 09.11.2018 година, можете да ги поднесувате и доставувате вашите Барања за полагање стучен испит во писарницата на Царинската управа на адреса ул.„Лазар Личеноски“ број 13 Скопје или во архивите на Царинарниците во Скопје, Битола, Гевгелија, Штип и Куманово., на образец 01.30.00.ПЦ.005.01.-OБ.04.01, кој образец можете да го најдете на следниот линк: 

Кон барањето потребно е да ги поднесете следниве документи:

1.Диплома за завршено најмалку средно образование (оригинал или фотокопија заверена на нотар),

2. Доказ за работно искуство од најмалку една година во областа на царинското работење (во оригинал или фотокопија заверена кај нотар).  

3.Сертификат за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), преку поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор член на здружението ALTE на европски тестатори или уверение од меѓународна институција А1 (А1) ниво не ЦЕФР ((CEFR), односно ФЦЕ, БУЛАТС; или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат. (оригинал или фотокопија заверена на нотар),

4.Уверение за посетена претходна обука за лиценциран застапник (во фотокопија),

5.Административна такса од 50 денари за барањето и 500 денари за одлуката..

Заинтересираните кандидати потребно е Барање за полагање стучен испит, соодветна документација и соодветно платен надоместок за административна такаса и за изработка на одлука, најдоцна до 09.11.2018 година. 

 

Уплатата се врши на следната сметка:

Примач: Министерство за финансии – Царинска управа

   Лазар Личеноски 13,  1000 Скопје

Банка на примач: НБРМ

Сметка: 100-0000000630-95

Сметка на буџетски корисник:   090030017578714

Приходна шифра и програма:  725939  20

Цел на дознака: за административна такса и изработка на одлука за лиценциран застапник.

 

Прилог 

Барања за полагање стучен испит

Во текот на минатите две недели, царинските службеници неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  клучеви за моторни возила, рутери, цигари, облека, бижутерија и црковни производи.

На 29 октомври 2018 година, во Охрид се одржа работилница со цел промовирање на концептот за Овластен економски оператор (ОЕО) и неговото значење за економските оператори. Ова е трета од низата работилници, организирани од Царинската управа на Република Македонија во соработка со Проектот за УСАИД за регионален економски раст (USAID Regional Economic Growth Project – REG).